Јансен надвор од терените до крајот на годинава!
Крилните бекови на Баерн никако да го откачат малерот кој ги следи цела сезона- само што оздравеа Лам и Сањол се повреди Јансен.
Јансен се повреди на тренингот на германската репрезентација на многу несреќен начин. Имено тој во обид да го блокира ударот на Роберт Хилберт го свитка коленото без никаков допир со некој репрезентативните колеги.
Засилувањето од Гладбах веќе вчера се оперираше и предвидено е следните три недели да носи гипс а потоа да следи уште една тринеделна специјална програма за правилно заздравување на повредата. Јансен беше стартер на 14 натпревари сезонава и заедно со Лусио(суспензија) сигурно ќе му недостасуваат на Хицфелд во последните натпревари пред крајот на првиот дел од сезоната. Одбраната ќе мора да биде преуредена.
Во меѓувреме многу блиску до враќање во првиот тим е Вили Сањол. Тој изигра цели 90 минути за аматерите на Баерн во регионалната лига против Бургхаузен и поради оваа повреда на Јансен најверојатно и побрзо од очекуванот ќе се врати во првите 11 на Хицфелд.
Нема коментари:
Објави коментар