Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

петок, 26 октомври 2007 г.

Крос и Клосе ја замолкнаа Маракана

„Среќата ги следи храбрите“.

Ова од гледиште на Баерн најдобро го опишува синоќешниот меч. Од друга страна навивачите на Црвена Ѕвезда сигурно нема да се согласат со старата поговорка.

Натпреварот повеќе личеше на битка со максимално мотивираните домаќини кои имаа 40 000 „Делии“ позади нив. А „Делиите“ се погрижија да приредат атмосфера на Маракана која не се опишува- мора да се доживее- и до максимум ја поддржуваа својата екипа. Едноставно никој на Маракана не се осмели ни да помисли да седне во текот на сите 90 минути. Во вакви натпревари потребен е многу индивидуален квалитет- едноставно потребен е „херој“ кој ќе го спаси денот. А Баерн имаше двајца херои во Белград- Миро Клосе и Тони Крос.
И во еден таков пеколен амбиент, без Кан, Сањол, Демикелис, в.Бајтен, Рибери и Тони, со Лел во централната одбрана и со еден целосно неподготвен Лам приморан на избрзан кам-бек се створија услови Баерн за прв пат сезонава сериозно да биде загрозен и да мора до последен свиреж вистински да се бори на теренот. За прв пат сезонава Баерн прими повеќе од еден гол! И за прв пат сезонава Баварците покажаа дека не знаат само „да везат“ по теренот тука кога треба знаат и вистински да се борат.
Но карактерот на тимот се гради и покажува токму во вакви натпревари- а Баварците покажаа голем карактер и до последниот свиреж одбија да се откажат од намерата да го напуштат Белград како победници.

Домаќините од прва до последна минута се бореа за секоја топка и навистина го изнамачија овој десеткуван состав на Баерн. Почетокот на натпреварот мина во знакот на многуте грешни додавања на фудбалерите на Хицфелд. Многуте замени во тимот, атмосферата, лошиот терен и пресингот на домаќините си го направија своето па Короман, кој капитенски одигра одлично за Ѕвезда, беше стрелец на заслуженото водство за домаќините во 16тата минута. Короман со лесен дриблинг се ослободи од очигледно недоволно подготвениот Лам и од 14тина метри од со еден убаво пласиран шут по земја го совлада Ренсинг.

Но радоста на Маракана траеше кусо. Само четири минути подоцна заменик-капитенот Лусио, по еден за него карактеристичен силовит продор кон шеснаесетникот на Ѕвезда, упати незгоден шут со кој Ранѓеловиќ и не се справи најдобро. Одбиената топка заврши пред нозете на Клосе кој ја имаше најлесната задача- да ј смести во голот.

И по двата гола натпреварот остана многу цврст(но мора да се напомене и фер) и со малку вистински шанси. Клосе имаше уште една убава прилика до крајот на полувремето но со глава по нафрлување на Подолски биеше непрецизно.

Ништо не се смени во играта на двете екипи ни по паузата. И на средината на второто полувреме домаќините повторно беа наградени за својата жилавост- Милијаш со еден навистина прекрасен удар од триесетина метри го солвада Ренсинг, кој можеби и не беше најдобро поставен во оваа ситуација. Маракана повторно експлодираше. Многумина тука веќе го видоа првиот пораз на моќниот Баерн сезонава.

Не и Хицфелд. Во осумдесетипрвата минута стратегот на Баерн се реши дека е време за вториот офцијален настап за Баерн на најдобриот млад фудбалер на светот- Тони Крос. Тешко дека во тој момент некој мислеше дека Кроос ќе успее да се подобри од својот последен настап кога намести два гола за Клосе против Котбус.

Но за каков огромен потенција станува збор Кроос покажа кога прво во 85тата минута со еден прекрасен центаршут од слободен удар го пронајде Клосе и во втората минута од продолжението кога уште еднаш од слободен удар(кој го изнуи Подолски и по кој Бајалица доби втор жолт картон) со малку среќа го совлада несреќниот Ранѓеловиќ и му донесе голема победа на својот тим. Крос само потврди дека има огромна кариера пред себе- Маракана за прв и едниствен пат беше замолчена во таа последна минута од натпреварот.

Маракана е освоена, следен е Вестфален!

FK Crvena Zvezda - FC Bayern 2:3 (1:1)

FK Crvena Zvezda: Randjelovic - Basta (46. Bajalica), Tutoric, Andjelkovic, Gueye - Castillo, Lukas - Uribe (90.+1 Bogdanovic), Milijas, Koroman - Barcos (69. Burzanovic)

FC Bayern: Rensing - Lahm, Lucio, Lell, Jansen - van Bommel (80. Kroos), Zé Roberto - Altintop (71. Schlaudraff), Schweinsteiger - Klose, Podolski

Судија: Matteo Simone Trefoloni (Италија)

Гледачи: 40.000

Голови: 1:0 Koroman (16.), 1:1 Klose (20.), 2:1 Milijas (74.), 2:2 Klose (85.), 2:3 Kroos (90.+2)

Жолти Картони: Castillo, Milijas, Molina / Schweinsteiger, Lahm

Црвени Картони: Bajalica (90.+1 Втор Жолт)



Нема коментари: