Сеуште непоразени!
Ниту на „жешкиот“ терен во Дортмунд, на Вестфален(или Сигна Идуна Парк по ново), не падна првиот пораз за Баерн! Меѓутоа заморот си го направи своето па само два дена по екстра тешкото гостување на катастрофалниот терен во Белград тој беше забележлив кај поголем дел од фудбалерите. Откако на Маракана за прв пат сезонава Баерн прими два гола на еден натпревар, на Вестфален следеше првата „нула“ во нападот.
Натпреварот Хицфелд го започна без Рибери, кој иако отпатува во Дортмунд не беше навреме спремен. Нормално стратегот на Баерн не ризикуваше со Французинот па на негово место шанса му даде на Соса. Овој за жал и не ја оправда но сепак мора впредвид да се земе дека му беше прв натпревар по еден доста долг период на повреди и рехабилитација. Демикелис е тука да помогне како со упорна работа се стасува до првиот тим на Баерн. Заслужен одмор доби и Алтинтоп кој натпреварот го почна од клупата а во тимот се врати ја Демикелис и Тони. Лел повторно играше десно за сеуште неподготвениот Лам(убаво се виде дека му треба уште време во Белград).
По сите овие рокади нормално е што тимот имаше потешкотии во играта која ни оддалеку не изгледаше толку течно како вообичаено. Клосе и Тони цели 90 минути беа целосно отсечени бидејќи од средниот ред едноставно не доаѓаа употребливи топки а одбраната имаше дупки како никогаш досега оваа сезона.
Натпреварот, слично како на Маракана, беше вистинска битка. Разликата е во тоа што тука немаше голови. Во цело прво полувреме Дортмунд упати два шута кон голот на Баерн. Првиот- ударот на Петрич од осумнаесетина метри- беше лесен плен за Ренсинг а вториот не вреди ни да се споменува. Баерн пак имаше една „двојна пречка“. Прво Демикелис од огромна далечина упати удар кој ги изненади сите на Вестфален, вклучувајќи го и Вајденфелер, и ја погоди пречката. На одбиената топка натрча Клосе и од свртување и тој немаше среќа па ја погоди конструкцијата на голот. Акции вредни за спомнување во овој прв дел немаше.
Второто полувреме беше доста поинтересно и со повеќе шанси- најголем дел од нив за домаќините. Сепак почетокот им припаѓаше на Баварците. Прво Клосе не успеа да се избори за шут од изгледна позиција пред Лука Тони, повеќе случајно, да биде пронајден од Лусио(ова требаше да биде шут на Лусио) и од многу изгледна(и офсајд-сомнителна) позиција Италијанецот да не успеа да погоди.
Од тука па се до крајот играше само Дортмунд. Кринге ја погоди пречката, Валдез имаше стопроцентнтна шанса од дванаесетина метри а за малку промашија или беа спречени од Ренсинг и Бакли, Петрич и Блажчиковкси.
Се на се со ова реми сите во Баерн мора да се задоволни. Фер резултат според она што се случуваше на теренот. И задоволителен крај на една тешка недела со три гостувања од кои две завршија со победи за Баерн. Сега се продолжува во исто темпо- во среда на ред е лидерот на табелата во Втората Бундес Лига- Борусија Менхенгладбах која гостува на Алијанц Арената во второто коло од ДФБ Купот.
Borussia Dortmund - FC Bayern 0:0
Borussia Dortmund: Weidenfeller - Degen, Brzenska, Kovac, Dede - Blaszczykowski (83. Klimovicz), Kringe, Tinga, Buckley - Valdez (79. Federico), Petric
FC Bayern: Rensing - Lell, Lucio, Demichelis, Jansen - Sosa (66. Altintop), Van Bommel (87. Ottl), Zé Roberto, Schweinsteiger - Klose, Toni (70. Podolski)
Судија: Markus Merk
Гледачи: 80.708 Zuschauer (распродадено)
Жолти Картони: Tinga, Valdez, Klimowicz /Schweinsteiger
Нема коментари:
Објави коментар