Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

недела, 30 септември 2007 г.

Тони најде лек за Фармацевтите


Фудбалерите на Баер, очекувано, му пружија силен отпор на лидерот на табелата. Се чини разликата меѓу домаќините и Баерн на Бај Арената беше во индивидуалната класа на навалните редови.

Пред почетокот Хицфелд мораше да направи една принудна замена. Кан го повреди лактот на загревањето па не можеше да истрча на теренот во Леверкузен. Но кога се знае дека на клупата на Баерн седи неговиот одамна предодреден наследник Михаел Ренсинг станува јасно дека одбраната нема да изгуби ни најмалку на квалитет. Ренсинг во текот на натпреварот на неколкупати покажа зошто од догодина ќе биде прв избор за местото меѓу стативите. Во тимот се врати и Лусио, кој и ја превзема капитенската лента од Кан и одигра одлично против неговиот поранешен клуб.

Веднаш по првиот свиреж на судијата Кирхер Бабарците ја имаа и првата шанса- Демикелис не успеа со глава да го солвлада многу солидниот Рене Адлер. Но веднаш после ова Аргентинецот и неговиот бразилски колега во централната одбрана на Баерн добија полни раце работа. Веќе во следната минута Марсел Јансен мораше да спасува на гол линијата после еден корнер на Леверкузен и ударот со глава на Фридрих.

Кусо потоа Гекас и Кислинг го тестираа Ренсинг а Барнета со еден многу опасен удар од 20тина метри ја погоди пречката. Измеѓу овие шанси за Леверкузен Зе Роберто се обиде по една соло акција и имаше убава шанса. Сепак ова беше веројатно и најдобрата фаза на домаќините. Фармацевтите доминираа на теренот во овие први минути а фудбалерите на Баерн оставаа премногу простор за игра на противниците и премногу често ја губеа топката во движењето напред.

Но разликата во индивидуалните квалитети се виде во 13тата минута кога Клосе на прекрасен начин ја издрибла целата домашна одбрана и едноставно ја заби топката под пречката на Адлер. Топката беше позади гол линијата со цела површина и цел стадион го виде голот... цел стадион освен помошникот судија. Ова беше втор пат едноподруго, после голот од слободен на Рибери против Котбус, на Баерн да им биде поништен чист гол.

После ова Баер уште еднаш нападна- Ренсинг мораше да спасува против Кислинг, Гекас, Видал и Ролфес. Но од 30татат минута Баварците конечно стекнаа контрола над средината и почнаа да создаваат свои шанси. Тони на два пати со глава промаши за само центиметри пред својата трета шанса да ја претвори во гол. Инаку Тони ја имаше најлесната задача при постигнувањето на голот- требаше само да ја чепне топката за таа од 2-3 метри да влезе во голот на Адлер. Најголема признание за голот треба да добијат Клосе, кој асистираше, и рибери кој со глава го пронајде Клосе.

Ова се случи 5 минути пред крајот на полувремето па како да ги пресече домаќините. Во вториот дел црвено-белите(или само белите како што играа на Бај Арената) успеа да ја смират играта. Шанси за гол имаше сепак- и тоа на двете страни. Рибери, Алтинтоп и Тони имаа посериозни шанси но Адлер успешно им парираше на сите. Ренсинг не остана покус на спротивната страна и одлично одбрани една шанса на Кислинг.

Ова е шеста победа за Баерн во осмиот натпревар сезонава. Нормално со овој скор Баварците се лидери на табелата и имаат супрериорна гол разлика од 22-3. Но, нормално, не може да е се така розево- Клосе мораше повреден да го напушти теренот во 51та минута.

Сега позади неговиот и настапите на Кан и Лел(и тој се пожали на полсени повреда по натпреварот) во Лисабон има дебели прашалници. Но кога на клупата подготвени чекаат Ренсинг, Подолски, Шлаудраф, Швајнштајгери и ако впредвид се има можното враќање на Лам- нема зошто никој во Баерн да се грижи.
Bayer Leverkusen - FC Bayern 0:1 (0:1)

Bayer Leverkusen:Adler - Castro, Friedrich, Haggui, Sarpei (83. Bulykin)
- Vidal (74. Dum), Rolfes - Kießling, Barbarez, Barnetta - Gekas (72. Papadopulos)

FC Bayern :Rensing - Lell, Lucio, Demichelis, Jansen - Altintop, Van Bommel, Zé Roberto (89. Ottl), Ribéry - Klose (51. Schweinsteiger), Toni

Судија: Knut Kircher

Гледачи: 22.500 (рапродадено)

Голови: 0:1 Toni (40.)

Жолти Картони: Kießling, Friedrich, Castro / Lell


Нема коментари: