Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

сабота, 11 август 2007 г.

Оптимален старт

Со сигурна игра и убедлив резултат Баерн ја отвори сезоната 2007/08. Она што повеќе импресионираше од резултатот е фактот што Баварците и никогаш вистински не ја нагазија педалата за гас и во ниеден момент не им дозволија на гостите од северот на Германија да го загрозат голот на Кан.


Уште од самиот почеток иницијативата беше преземена од Баерн и во овој поглед ништо не се смени до крајот на мечот. Со убави и брзи комбинации најчесто по левата страна каде Рибери, Зе Роберто и Јансен доминираа, играчите на Баерн лесно стигаа до голот на Шефер. Голот-првенец за сезонава беше дело на засилувањето Тони(кој спротивно од најавите го започна натпреаврот од самиот старт) по една несебична асистенција на Клосе.

По полувремето следуваа уште два гола за Баерн- и двата дело на Клосе. Прво по една несигурна интервенција на голманот на гостите па по едно нафрлување од десната страна од Лам.

Од останатите позабележителни шанси- Клосе имаше уште една зицер шанса во првото полувреме, Тони промаши празен гол со глава во второто а в.Бомел во последната минута за малку не го постигна четвртиот гол за домаќините.

Се на се- оптимален старт на сезоната. Но се чини Ханза и не е противник кој дава реална слика за формата на стартот на сезоната. Но и за тоа не треба да се чека којзнае колку долго- веќе следниот викенд на програмата е супер-дербито со Вердер Бремен на Везер стадионот. После овој натпревар би требало сите да имаат пореална слика за моменталната форма на Баерн... Да се надеваме дека ќе има реприза од Лига-Купот.

FC Bayern - FC Hansa Rostock 3:0 (1:0)

FC Bayern: Kahn - Lahm, Lucio, Demichelis, Jansen - Van Schweinsteiger
(74. Altintop), Bommel, Zé Roberto, Ribery (79. Sosa) - Klose (87. Wagner),
Toni

FC Hansa Rostock: Wächter - Lense, Sebastian, Orestes, Pearce - Stein, Beinlich (60. Langen), Rahn (60. Bülow) - Yelen (83. Menga) - Kern, Cetkovic

Судија: Markus Schmidt (Stuttgart)

Гледачи: 69.000 (распродадено)

Голови: 1:0 Toni (14.), 2:0 Klose (66.), 3:0 Klose (85.)

Жолти Картони: / Beinlich, Orestes, Stein


Нема коментари: