Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

петок, 21 септември 2007 г.

Победа без сјај но и без примен гол


Во типичен натпревар со елиминациски карактер на Алијанц Арената, Баерн доминираше од првата до последната минута. За жал ништо не се смени во искористувањето на шансите- синоќешниот натпревар можеше комотно да биде добиен со 2 гола разлика. Но да одиме по ред.

Натпреварот Хицфелд го започна со Подолски во нападот покрај само делумно подготвениот Тони. Ова беше прв настап на Полди во првите 11 од април годинава. На почетокот и во најголем дел од првото полувреме Подолски беше незабележителен, но како мечот одеше напред така и Подолски стануваше се поактивен и може да се каже одигра сосема солидно особено во вториот дел.

Во првото полувреме убедливо најголем дел од акциите доаѓаа од левата страна каде се чини и се наоѓаа двајцата најдобри актери во првите 45 минути- Јансен и Рибери. Се одеше како подмачкано се до шеснаесетникот каде, како по обичај, фалеше последниот пас или прецизен шут. Во 6тата минута Тони си изработи одлична позиција за шут од полу-лево но за жал беже за малку непрецизен. Што се однесува до гостите, тие по 20тина минути успеаа малку од малку да се ослбодат од притисокот на Баерн но во ниеден момент не успеаа да се заканат кон голот на Кан. Впрочем единствениот шут во првото полувреме Португалците го упатија од 30 метри.

Во 26тата минута Јансен имаше многу изгледна шанса но по одличното нафрлување на Швајнштајгер со глава беше непрецизен за само неколку центиметри. Требаше да поминат уште 8 минути за по феноменалниот пас од в.Бомел, Тони да излезе очи во очи со голманот на Белелененсес- Костиња, и да го постигне одамна заслужениот гол. Со резултатот 1-0 се замина и на пауза.

Почетокот на второто полувреме беше најверојатно и највозбудливиот дел од натпреварот. Фудбалерите на Баерн ја нагазија педала за гас во желба за уште некој гол и преку Рибери, Зе Роберто, Швајншатајгер и Подослки имаа изгледни прилики. Во оваа фаза и гоститете некулкупати се обидоа да нападнат посериозно но тоа секогаш завршуваше или со непрецизен удар од далечина или со непрецизен или пресилен пас во шеснаесетникот како лесен плен за Кан.

Во последните 10тина минути Баерн повторно нападна и имаше две феноменални прилики. Прво Подолски си изработи убава позиција за шут од полудесно и со многу ефе само за малку го промаши противничкиот гол а на крајот Алтинтоп се посрамоти кога успеа да промаши со глава од непосредна близина. Своето деби неочекувано го прослави и засилувањето од Алеманија Ахен- Јан Шлаудраф. Шлаудраф влезе во 84тата минута за Рибери и во тие 6 минути игра што ги доби беше многу ангажиран и забележителен на теренот.

Инаку во текот на целиот натпревар гостите мошне умешно се служеа со офсајд стапиците што делуваше крајно фрустрирачки бидејќи на 3-4 пати Баварците истрчуваа очи во очи со Костиња само за да бидат вратени од помошникот судија.

Гледајќи ја играта на противникот Баерн може претпазливо да почне да планира за натпреварите по групи... Претпазливо- сепак се ова нок-аут натпревари кои може да бидат страшно незгодни. Со нормална игра на реваншот по 14 дена во Лисабон настапот во следната рунда натпревари би се осигурал без проблеми.

FC Bayern - Belenenses Lissabon 1:0 (1:0)

FC Bayern: Kahn - Lell, Lucio, Demichelis, Jansen - Schweinsteiger (73. Altintop), van Bommel, Zé Roberto, Ribéry (84. Schlaudraff) - Toni (63. Wagner), Podolski

Belenenses Lissabon: Costinha - Devic, Rolando, Alcantara - Costa (46. Amaral), Pedro, Amorim, Alvim - Silas (63. Paulo) - Evandro (54. Fernando), Roncatto

Судија: Stefan Johannesson (Шведска)


Гледачи: 64.000

Голови: 1:0 Toni (34.)

Жолти Картони: - / Costa, Pedro

Нема коментари: