И Лусио е само човек...
Во осум години играње во Бундес Лигата Лусио може да се пофали со неверојатна статистика за еден централен одбрамбен играч- само 21 жолт картон(при 20 голови). Во минатата сезона капитенот на Бразил и заменик капитенот на Баерн доби само еден жолт картон а сезонава, се до саботата сеуште немаше заработено ниту еден.Нема дилема- Лусио е фер играч. Но и фер-играчите се само луѓе па и на нив може да м се случи да „им пукне филмот“ како што му се случа на Лусио на Готлиб Дајмлер. „Секој кој ме познава знае дека никогаше не би направи такво нешто намерно... тоа едноставно беше од бес. Навистина ми е жал“- изјави на Лусио на аеродромот во Минхен пред да замине на должност за неговата репрезентација.Инаку ова е само втор црвен картон во Бундес-кариерата на Лусио. Суспензијата од четири меча сепак е неизбежна.
Нема коментари:
Објави коментар