Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

понеделник, 17 септември 2007 г.

Back to reality....


Ако некој мислеше дека противниците на Баерн сезонава со бело знаменце ќе истрчуваат на Алијанц Арената- се лажел. А најверојатно по првите 3 кола имаше и такви. Дуелот со Шалке би требало да ги врати фудбалерите на Баерн во реалноста.

Во еден многу интересен и отворен натпревар дрскоста на Мирко Сломка, кој натпреварот го започна со една флексибилна 4-3-3 формација, беше наградена со нерешен резултат. Шалке одигра храбро и отворено, си изработи шанси во сличен сооднос со домаќините и сосема заслужено им откина 2 планирани бода.

Натпреварот почна со теренска иницијатива на Баерн. Во првиот половина час играше само тимот на Хицфелд. Оваа иницијатива резултираше со 3-4 одлични шанси кој останаа неискористени. „Адмиралот“ најде вистински коментар за првата фаза од натпреварот: „Пас играта на моите фудбалери беше феноменална и тоа ме радува. Но ни фалеше она што ни фали и цела сезона- едноставно не сме доволно консеквентни во шеснаестникот, таму премногу често играчите се решаваат на додавање. Кога ќе влезе во шеснаесетникот секој играч мора да поседува извезна доза егоизам и да се обиде сам да ја заврши акцијата, сам да бара добра завршница“. Нашки кажано Баварците се обидуваа со топка да влезат во голот. Тони, кој можеби и не беше доволно подготвен за натпреварот и најверојатно и беше грешка на Хицфелд да го остави да истрча во стартните 11, постигна еден гол кој сосема оправдано беше поништен поради офсајд.

Но домаќините како да станаа пресигурни и прележерни во својата игра. Почнаа да се прават мали но опсани грешки во движењето напред па може да се каже самиот Баерн го врати Шалке во игра. Токму по една ваква грешка во нападот дојде до изненадувачкиот гол на феноменалниот Ракитич за 0-1. Ова како да ги разбуди гостите а ги шокира домаќините кои дури по паузата повторно почнаа да играат фудбал. Ако дотогаш Баерн требаше да води со 2-0 од голот на Ракитич до крајот на полувремето „Кралски Сините“ беа тие кои можеа комотно да постигна гол повеќе. За издојување се шансите на Левенкранц и Курањи кој беше фантастично проигран од Рактич. Кан мораше да интервенира како во најдобрите денови за да го остави натпреварот отворен.

По паузата Баварците повторно притиснаа и беа наградени. По еден слободен удар на Рибери во 54тата минута Нојер успеаа да го одбрани ударот со глава на Тони но за среќа Клосе беше токму таму каде што напаѓач од негова класа и треба да биде и го постигна изедначувачкиот гол.

Натпреварот после ова стана многу отворен и се играше од гол на гол. Двете екипи напаѓаа во бранови и може да се каже заминаа во кабините на заслужен одмор со реален резултат.

Добрата вест за Баерн е што овој "wake up call" доаѓа навреме. Сега треба да сконцентрирано да се продолжи со работа и да се зголеми консеквентноста во финишот. Играта е тука- фали набитното- завршницата.


FC Bayern - FC Schalke 04 1:1 (0:1)

FC
Bayern:
Kahn - Lell, Lucio, Demichelis, Jansen - Schweinsteiger (67. Hamit Altintop), Van Bommel, Zé Roberto, Ribéry - Klose, Toni (74. Podolski)

FC Schalke 04:Neuer - Rafinha, Westermann, Bordon, Pander - Jones, Rakitic (83. Azaouagh), Ernst - Asamoah (71. Halil Altintop), Kuranyi, Lövenkrands (71.Özil)

Судија: Herbert Fandel

Гледачи: 69.000 (распродадено)

Голови: 0:1 Rakitic (36.), 1:1 Klose (54.)

Жолти Картони: Zé Roberto / Jones


Нема коментари: