Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

недела, 7 октомври 2007 г.

Фудбалска лекција за Нирнберг


Колку брзо само работите се менуваат. Лани во август фудбалерите на Ханс Маер со високо крената глава по заслужениот бод(0-0) ја напушти ја Алијанц Арената и си заминаа како лидери натабелата. Во февруари годинава пак на првиот натпревар по враќањето на Хицфилд домаќините ги испратија дома тотално индиспонираните Баварци со 3-0.

Овојпат се беше поинаку. Почнувајќи од тимот на Баерн. Она што вечерва оние 11 кои во црвено-бели дресови истрчаа на теренот го прикажаа беше едноставно една фудбалска демонстрација и демонтажа на противникот. Чиста 10ка за она што денеска го одиграа заслужија сите од креативниот отсек кај Баерн- Рибери, Зе Роберто и Швајншатајгер едноставно везеа- финти, дриблинзи, двојни пасови... Единствено човек не може а да не забележи на процентот на реализација на шансите- едноставно од тоа што домаќините го сработија на Алијанц Арената мораше да испадне барем уште еден гол. За реализацијата сепак тука беше „дежурниот“ Тони.

Натпреварот Хицфилд го започна со само една измена во однос на тимот кој со 2-0 славеше во Проругалија. Андреас Отл го замени Марк в. Бомел кој доби заслужен одмор. Почетната фаза помина во знакот на меѓусебно тестирање. Акцентот беше ставен на неправењето на грешки. Но очигледно беше дека гостите се дојдени само да не примат гол- што се гледаше по тоа колку длабоко на својата половина тие беа поставени.

А од 15тата минута почна Баварското шоу. Зе Роберто и Рибери одиграа еден двоен пас по кој Бразилецот распали од работ на шеснаесетникот а Блажек со крајни напори ја исфрли топката во корнер. Втората шанса ја имаше Лусио кој промаши за само сентиметри по тој корнер.

Следеа неколку звездени минути на Рибери. Французинот намести три шанси од кои за жал ниедна не резултираше со гол. Првата се чини беше промашувањето на натпреварот кога Швајштајгер од некои единасетина метри сосема сам не успеа ни да го погоди голот. Тони и Демикелси ги промашија другите две шанси.

Како треба покажа Тони кој во 31та минута по слободниот удар на Алтинтоп беше таму каде и се очекува да биде. Блажек успеа да го одбие првичниот удар на Турчинот но топката падна точно на нозете на Тони кој од незгоден агол едноставно ја заби во голот на гостите. Седми гол сезонава за Тони.

9 минути подоцна Зе Роберто по едно феноменално додавање со пета од Швајнштајгер не му остави никаква шанса на Блажек. Тука нкаде натпреварот беше и решен. До крајот на полувремето Блажек спаси по уште една бомба на Алтинтоп од 2-30 метри и по еден удар со глава на Демикелис. А на спротивната страна, за да не заспие Ренсинг, се погрижи поранешниот играч на Баерн Мисимовиќ со еден удар од далечина.

На почетокот на второто полувреме следеше уште една фуриозна офанзива на домаќините. Но шансите на Рибери на три пати(од кои една беше зицер со завршница можеби и полоша од онаа на Швајнштајгер во првиот дел), Јансен и Отл на два пати сите заедно останаа некрунисани.

На спротивната страна нововлезенит Кенеди на два пати имаше солидни шанси со глава а Доминик Раинхарт се чини беше најблиску до погодок кога непосредно пред крајот ја погоди пречката од голот на Ренсинг.

Сепак од сите шанси на крајот испадна и гол. Кој друг ако не Тони. Италијанецот го постигна и својот осми гол сезонава, прв на Баерн по корнер оваа сезона(верувале или не). Сепак гостите дефинитивно треба да се среќни што се заминаа со само 3 примени гола.

Инаку оваа победа го донесе Баерн на 5 бода разлика од најблискиот „конкурент“- Карлсруе. Вердер, Хамбург и Шалке се на веќе 6 и 7 бода дистанца. На домашен терен на 4 од 5те одиграни натпревари досега Баварците имаат постигнато по најмалку 3 гола(гол-разлика на домашен терен 15-1). Вкупната гол разлика пак од 25-3 во 9 натпревари(во просек скоро 3 гола по натпревар и по еден примен на секои три натпревари) е повеќе од застрашувачка.

Следува пауза од Бундес Лигата заради Квалификациите за ЕВРО 2008. Да се надеваме дека сите здрави ќе се вратат за гостувањето во Бохум. Дотогаш најинтересно ќе биде во вторник во 12:00 за кога е закажана ждрепката за групите од Купот на УЕФА(Еуроспорт ТВ).

FC Bayern - 1. FC Nürnberg 3:0 (2:0)

FC Bayern: Rensing - Lell, Lucio, Demichelis, Jansen - Ottl, Zé Roberto - Altintop (70. Schlaudraff), Ribéry (80. Podolski), Schweinsteiger (80. Van Bommel) - Toni

1. FC Nürnberg: Blazek - Spiranovic, Wolf (29. Schmidt), Beauchamp, Reinhardt - Kluge, Galasek, Mnari (46. Kennedy) - Misimovic - Saenko (60. Adler), Mintal

Судија: Babak Rafati

Гледачи: 69.000 (распродадено)

Голови: 1:0 Toni (31.), 2:0 Zé Roberto (40.), 3:0 Toni (81.)

Жолти Картони: Altintop /Mintal, Kluge, Spiranovic


Нема коментари: