Хет-трик за Клосе, деби од соништата за Крос, петарда за Октоберфест
Котбус по се изгледа беше полесен спаринг партнер за Баерн. Но да бидеме искрени и никој во Алијанц Арената и не очекуваше којзнае колку повеќе од последнопласираниот тим на табелата. За нив патувањето во Минхен се исплатеше пред се зошто имаат шанса да го посетат Октоберфест. Можеби и најрадосна вест за сите навивачи не е резултатот тука феноменалното деби на младиот Тони Крос. Крос, кој со младата репрезентација на Германија го освои третото место на само што завршеното СП за младинци и беше прогласен и за најдобар фудбалер на тоа СП за само 20 минути успеаа на два пати да му асистира на Клосе.
Интересно е што највисокта победа во историјата на најубавата фудбалска арена во светот Баварците ја остварија исклучиво со голови во вториот дел. Ако машината за голови Баерн работеше и во првите 45 минути како во вторите најверојатно победата ќе беше изразена со двоцифрени бројки.
Хицфелд го започна мечот со само две промени во однос на тимот кој го згази Карлсруе во неделата. На местото на Отл во првиот тим се врати Зе Роберто а своето деби за сезоната го прослави в.Бајтен на местото на Лусио кој доби заслужен мини-одмор.
Натпреварот се играше на лоши временски услови па на моторот на Баерн му требаше време додека се загрее. Гостите беа поставени длабоко на својата половина и брзо ги затвораа домаќините не оставјќи им многу простор за игра. Но откако тргнаа кон голот на Пиплица Баварците не застанаа. Едноставно јасно беше дека проблематичен е само првиот гол. Во текот на целиот меч противничката половина беше апсолутна табу тема за Котбус. Само меѓу 15тата и 26тата минута црвено-белите имаа 5-6 убави шанси за гол. Но Клосе, в.Бајтен, Демикелис и Алтинтоп не успеаа да го совладаат релативно сигурниот(за чудо) Пиплица. Гостите за малку не си постигнаа и автогол после една остро нафрлување од Јансен. Нивната најголема „шанса“ беше ударот на Шао од 20тина метри кој заврши добар метар покрај голот на Кан.
Но и по цела оваа доминација она што е најбитно, она што се брои, изостана во првото полувреме. Се замина на одмор со 0-0.
И кога на цел стадион камен му падна од срцето по еден вистински еврогол на Рибери од слободен удар тука беше судијата Вајнер се погрижи неизвесноста да потрае уште малку. Имено тој го поништи прекрасниот гол на Рибери бидејќи Фрнацузинот шутираше директно кон голот а Вајнер наводно претходно досудил- индирект.
Но ова само како да ги „запали“ домаќините. Полсе овој поништен гол топката како и да не излезе надво од гостинскиот шеснаестник. Конечно за многу закаснетото водство(59та минута) од 1-0 се погрижи кој друг ако не Клосе. Пиплица за прв пат реагираше понесигурно а Клосе од непосредна близина не згреши. Само 4 минути подоцна прво Тони не успеа да го совлада голманот на гостите кој се искупи за претходната грешка само за во следниот налет Демикелис со првиот гол за него сезонава се погрижи за конечниот нок-аут за Котбус. На голот на Аргентинецот му претходеше едно прекрасно нафрлување на Зе Роберто.
После една прекрасна акција на Клосе и Рибери, Тони сепак го постигна совојот 5ти гол сезонава. Зе Роберто немаше среќа и со многу ефе и чувство од работ на шеснаесетникот ја погоди пречката во обид кој мошеже да заврши како гол на месецот. Тоа беше и последна акција за 33годишниот Бразилец. Во 72та минута Хицфелд ги внесе Подолски, Швајнштајгер и Крос на местото на Тони, Рибери и Зе Роберто.
Можеби на изненадување на многумина кој не го следеа СП за фудбалери до 20 години Крос беше тој кој остави свој белег на натпреварот. Тој на двапати, скоро идентично, компјутерски прецизно нафрли и го пронајде Клосе на кого му беше потешко да промаши одошто да даде гол.
После оваа петерда на домашен терен следи еден вистински тест- гостување кај второпласираниот Леверкузен кој заостанувасамо 3 бода зад Баерн. Фармацевтите играат многу стабилно сезонава. Нема ништо спектакуларно во тимот на Скибе- едноставно успешно си ја завршуваат работата. Заедно со Баерн тие ја имаат најдобрата одбрана во лигата со по само 3 примени гола. Очигледната разлика е во нападот- додека нападот на Баерн, предводен од Клосе(8 гола) и Тони(5 гола) има постигнато 21 гол(за споредба вториот најдобар напад во лигата е на Шалке со цели 7 гола помалку- 14), навалниот ред на Леверкузен може да се пофали со 10 гола помалку- 11.
Значи претстои еден максимално интересен натпревар на Бај Арената во Леверкузен.
FC Bayern - FC Energie Cottbus 5:0 (0:0)
FC Bayern: Kahn - Lell, Van Buyten, Demichelis, Jansen - Altintop, Zé Roberto (72. Kroos), Van Bommel, Ribery (72. Schweinsteiger) - Toni (72. Podolski), Klose
FC Energie Cottbus: Piplica - Angelov, da Silva, Mitreski, Cvitanovic - Rost,
Kukielka - Shao, Skela, Rangelov - Sörensen (64. Kioyo)
Судија: Michael Weiner
Гледачи: 69.000 (рапродадено)
Голови: 1:0 Klose (59.), 2:0 Demichelis (63.), 3:0 Toni (69.), 4:0 Klose (75.), 5:0 Klose (89.)
Жолти Картони: Demichelis / Da Silva
Нема коментари:
Објави коментар