На првиот македонски блог посветен на најтрофејниот германски ф.к.- Баерн Минхен. Блогот е наменет за навивачите на Баварците во Македонија и овде ќе најдете се од податоци за историјата на клубот, играчите и управата и highlights од некои од највозбудливите натпревари во последнава декада до најнови вести за трансфери, резултати, голови од последни натрпревари, позајмени интервјуа преведени на Македонски, информации за тоа кои натпревари/каде ќе бидат пренесувани на ТВ или LiveStream...
Брено од јануари во Баварија?
ТРАНСФЕР ШПЕКУЛАЦИИ
Сао Паоло ќе тужи
Последните вести околу трансферот на Брено говореа дека тој е веќе завршена работа. Самиот Брено го изјави ова во бразилскиот „Глобо“.
Но се чини неговиот сегашен клуб- Сао Паоло нема да се откаже од услугите на својот фудбалер без борба. Така челниците на овој клуб најавија дека ќе го тужат Баерн кај ФИФА заради тоа што челницете на Баварците стапиле директно во контакт со Брено иако овој сеуште имал договор со Сао Паоло. Претседатело на бразилскиот клуб исто ака ги обвини првите луѓе во Баерн дека „го завеле“ Брено поканувајќи го на престој во Германија пред некое време.
Се чини Бразлиците се обидуваат да исцедат некое евро повеќе од договорените 14 милиони. Трансферот со огромна веројатност ќе се реализира веќе во зимскиот преоден рок.
Нема коментари:
Објави коментар