Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

недела, 14 октомври 2007 г.

LiveStream

Еве еден водич за сите оние кои имаат брза Интернет конекција(ADSL, WiFi, Кабелски) и сакаат да ги следат натпреварите на својот омилен тим и кога тие не одат во живо на ТВ.

За ова на располагање ви стојат доста голем број програми кои бесплатно се симнуваат на Интернет. Најкорисни и со најголем и најдобар избор на канали се следниве 3:

TVANTs- Нуди огромен избор на канали- многу Јапонски, Корејски и Кинески спортски канали(едноставно нели ќе си пуштите WinAmp MP3ки во позадина или ќе се смеете на кинескиот коментатор) но и доста интернационални. Битните спортски канали што вредат дасе издвојат би биле: Truesports, Guandong, SHTV, CCTV5, CableSoccer и CableSports.

Симнете го од еден(кој било) од линковите доле:



SopCast- Веројатно најдобриот од трите програми. Голем избор добри канали: StarSports, ESPN, CCTV5, SHTV, Guandong, 3TV1 како и доста кабелски(pay-per-view) . А и да не сте по спортот овде ќе најдете нешто за вас: едно чудо филмски, музички, информативни... едноставно секакви канали. За полесно барање каналите се поделени во категории(спорт, филм...).
Симнете го од еден(кој било) од линковите доле:



TVU- можеби и не го нуди изборот на канали како претходните две опции но затоа тука е можеби и најбитниот канал: GolTV(со англиски коментар и натпревари од сите силни европски лиги). Освен GolTV вредни за споменување се и CCTV5, SHTV, StarSports, Fox/CBS. Освен тоа ова е најсредениот од трите програми- нема да имате ама баш никакви проблеми со интерфејсот- се е средено и лесно за наоѓање. И тука каналите се поделени во категории на уште попристапен начин од SopCast.


Симнете го од еден(кој било) од линковите доле:

Official Download #1
Времето потребно за да се вклучи некој канал(buffering) варира. Некој максимум би бил 5-6 минути(ако оди навистина споро). Во нормални услови не би требало да имате проблеми со сецкање но некогаш се случува(посебно на TVANTs и SopCast) некои канали едноставно да се пребукирани и да не можат да издржат толкав сообраќај. Тогаш ќе имате проблем со замрзната слика од време на време.

Сега за битниот дел. Како ќе знаете на кој канал ќе може да го следите вашиот тим? Еве неколку страни/форуми кои се многу практични:

http://www.myp2p.eu/index.php?part=sports (кликнете на телевизорчето до натпреварот за да видите на кои канали ќе оди во живо)
http://85.92.128.155/~myp2p/forum/ (форум)
http://sportstreams.sp.ohost.de/kalender.php (можеби најпрегледно и најдобро уредено)
http://www.telefootball.com/ (кликнете на топката до мечот за да видите на кој канал ќе оди во живо)
http://www.worldtvpc.com/live/ (најдоле на страната има еден многу корисен преглед на канали и програмата/ите[TVANTs, SopCast, TVU...] на која/и тие се достапни)
Инсталацијта за сите три е многу лесна.(run, next, next, setup, login, next бла бла бла...). Квалитетот на сликата кој може да го очекувате е нешто слично на ова:




Нема коментари: