Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

сабота, 20 октомври 2007 г.

Рибери ги замени „Клони“

Стандардно и можеби и очекувано после паузата за квалификациските натпревари за ЕП 2008 Баерн имаше проблеми во натпреварот со Бохум. И „мини-кризата“ на почетокот септември од 2 нерешени(1-1 со Шалке и Хамбург) следеше токму по претходниот циклус од квалификации па и сега Баварците не беа на врвот на својата игра.


Само во поголемиот дел од првото полувреме Баерн играше онака како што сме навикнати да го гледаме оваа сезона. Осетен беше уморот кај некои кои имаа само ден-два подготовка за натпреварот и само делумната подготвеност кај други кои се вратија после повреда.

Натпреварот Хицфелд го започна со Клосе со што по три недели тандемот од соништата Клосе-Тони(од германските медиуми крстен „Клони“) повторно се врати на теренот.

Отворено, брзо и директно- така играше Баерн во првите десетина минути. Но ни домаќините не играа класичен бункер. Уште од самиот почеток се виде дека тие цела недела убаво се воигрувале и подготвувале за овој натпревар. Фудбалерите на Бохум од прва до последна минута беа максимално ангажирани со своите контри.

По една контра падна и голот за водство на Бохум. Во единасеттата минута Демикелис од средината на теренот се обиде да го пронајде Тони кој беше пред домашниот шеснаесетник. Но додавањето беше провидно и „апатично“ па Малтриц лесно го прочита и го пресече. Инаку ова беше и единствена грешка на Демикелис кој остатокот од мечот го одигра за чиста десетка.

Во контрата што следеше никој не успеа да го запре налетот на младиот Гроте кој прекрасно ја издрибла пола гостинска одбрана и од работ на шеснаесетникот упати неодбранлив удар во левиот горен ќош од голот на Ренсинг кој немаше ама баш никаква шанса. Ова беше втор пат сезонава Баерн да губи(по она 0-1 со Шалке).

Но овој гол не ги исфрли од концепт избраниците на Хицфелд. Напротив- после овој гол следеше и најдобрата фаза од играта на Баерн. Предводени од Алтинтоп и Рибери офанзивците почнаа да притискаат па обрачот околу голот на Ластувка се повеќе и повеќе се стегаше.

Само две минути после голот на Гроте Алтинтоп шутираше одлично од слободен но Ластувка беше на место. Рибери, Тони, в.Бомел и Клосе имаа шанси во следните петнаесетина минути. Но за, во тој момент, веќе одамна заслуженото израмнување навивачите на Баерн мораа да се стрпат дури до 35тата минута.


Но чекањето се исплатеше- Рибери го постигна веројатно најубавиот гол на сезонава. Клосе се избори за една топка во шеснаесетникот на Бохум и убаво нафрли за Французинот кој со пета ја смести топката во мрежата на домаќините.

После ова израмнување попушти притискот на Баерн и тука веќе почна да се чувствува заморот на некои од стандардните првотимци. Лел и Јансен цело време се обидуваа со нафлувања од бочните позиции но од многуте центаршутеви ниту еден не беше доволно прецизен. Интересна ќе биде борбата за двете места во првиот тим кога Лам и Сањол ќе се вратат во екипата.

И по паузата Баерн имаше теренска иницијатива но од сето тоа излезе само една посериозна шанса- кога Зе Роберто беше спречен од Ластувка. Домаќините пак повремено се ослободуваа од притисокот со контри или привремено префрлајќи го тежиштето на играта на половината на Баерн но се на се не делуваа доволно решително во ситуации кои можеа да водат кон шанси за гол па одбраната на Баерн и немаше којзнае какви проблеми.

Вообичаено за Хицфелд првата измена дојде дваесетина минути пред крајот- и се покажа клучна. Швајнштајгер го замени Алтинтоп кој се изгуби во вториот дел. И токму кога натпреварот се повеќе и повеќе „замираше“ Лусио и в.Бомел убаво искомбинираа на средината, Холанѓанецот го најде Рибери во шеснаестникот а овој пак асистираше за Швајншатјгер кој многу решително влезе во дуел со еден од одбрамбените играчи на Бохум и го доведе својот тим во водство.

Лусио од слободен и Тони по нафлување на Подослки имаа уште две шанси за Баерн. Победата остана незагрозена- домаќините пружија достоен отпор во текот на сите 90 минути но немаа сила за завршна офанзива. Се на се заслужена но тешко изборена победа за Баерн.

Следат уште две тешки гостувања- во Белград во четврток и во Дортмунд во следното коло на Бундес Лигата. Значи Маракана и Вестфален се следни за освојување.


VfL Bochum - FC Bayern 1:2 (1:1)

VfL Bochum: Lastuvka - Concha, Maltritz (82. Drsek), Yahia, Pfertzel - Sestak, Schröder, Zdebel (25. Imhof), Grote - Epalle (74. Mieciel), Bechmann

FC Bayern: Rensing - Lell, Demichelis, Lucio, Jansen - Altintop (72. Schweinsteiger), Van Bommel, Zé Roberto, Ribéry (90. Schlaudraff) - Klose (78. Podolski), Toni

Судија: Herbert Fandel (Kyllburg)

Гледачи: 31.328 (распродадено)


Голови: 1:0 Grote (11.), 1:1 Ribéry (35.), 1:2 Schweinsteiger (78.)

Жолти Карти: Concha, Mieciel, Grote / Altintop, Klose, Van Bommel



Нема коментари: