Алтинтоп се избори за „финале“
Скоро сите „Баварци“ имаа причина за славје по своите репрезентативни настапи вчера. Германија очекувано лесно го совлада Кипар со 4:0. Она што радува е феномеланиот настап на Подолски кој ги намести головите на Фриц и Хицелспергер и самиот погоди за 3:0. Клосе го постигна вториот гол за Германците. Сега останува уште да се надеваме дека конечно ќе ја пренесе формата од репрезентацијата и во Баерн. Лам беше третиот од екипата на Хицфелд кој бранејќи ги боите на својата земја одигра цели 90 минути. Инаку интересно е да се напомене дека селекторот на Германија Јоаким Лев поради огромниот број повредени играчи мораше да го постави Подолски на позиција на лево крило- можеби и Хицфелд треба да размисли за некој сличен потег.
Тони со Италија настапи во Глазгов и со гол за водство од 1:0 даде свој придонес во победата на неговиот тим. Оваа победа значи дека актуелниот светски шампион си го осигура пласманот на ЕП 2008. А на победата на Тони сигурно и се израдува и Рибери. Плејмејкерот на француската репрезентација беше оставен да одмара на клупата цели 90 минути на пријателскиот натпревар со Мароко(2:2). Ова зошто селекторот на „Галските Петли“ Доменеш сметаше дека натпреварот во среда во Украина ќе биде решавачки за пласманот на неговиот тим на Евро 2008 но поради победата на Италија овој натпревар сега нема натпреварувачко значење- и Франција веќе може да си го планира престојот во Австрија и Швајцарија.
За „финале“ се избори Алтинтоп. Тој со Турција славеше во Осло против директниот конкурент за пласман на ЕП- Норвешка. Сега на Турците им е потребна уште една победа- во среда во Истанбул против Босна и Херцеговина и тие сигурно патуваат накај Алпите.
Единствен кој синоќа загуби беше в. Бајтен кој со Белгија загуби во Полска со 2:0.
И во Јужноамериканските квалифкации на играчите на Баерн одлично им оди- Демикелис, кого Аргентина веќе го прогласија за наследник на Ајала, со „Гаучосите“ ја прослави и третата победа по ред во квалификациите за СП. Демикелис го намести првиот гол на Серхио Агуеро во победата на Аргентина над Боливија од 3:0.
Нема коментари:
Објави коментар