Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

сабота, 18 август 2007 г.

Бродот на Бремен погоден од Баварска бура


Два натпревари, 6 бода, 7-0 гол разлика. Тоа е импресивниот биланс на Баерн по само две кола во Бундес Лигата. Се чини Бремен, во онаква состојба во каква беше вчера, не е ни оддалеку предизвик за овој состав на Баерн.

Уште пред почетокот на мечот домашните навивачи ја загрее атмосферата да максимум и крајно нефер со свирежи и лични навреди го пречекаа човекот кој до лани беше Бог во Бремен- Миро Клосе. А занесен од атмосферата најверојатно беше и дефанзивецот на Вердер- Налдо кој на два пати премотивирано(ова е благо кажано) влезе во дуелите со неговиот довчерашен тимски колега. Во други денови и кај други судии двата старта засебно ќе беа доволни за црвен картон, кај повеќето судии во Германија најмалку за два жолти па црвен но за Маркус Мерк вчера само еден жолт картон за Налдо беше доволна казна. На полувремето Клосе мораше да го напушти натпреварот и сега е малку веројатен и неговиот настап на пријателскиот натпревар со Англија.

А натпреварот имаше и вистински фудбалски моменти. Почетокот беше релативно тивок. Рибери се обиде од далечина за Баерн, Саного ја имаше единствената шанса на мечот за Вердер... А од 30тата минута па до крајот на теренот играа само фудбалерите во црвено-бели дресови. За заслуженото водство пред полувремето се погрижи Рибери кој, после еден фаул над Тони во шеснаесетникот на Вердер, на велемајсторски начин го претвори ударот од белата точка во гол.

Во второто полувреме Алтинтоп влезе на местото на повредениот Клосе и веднаш ја оправда довербата на Хицфелд кога по една експресна контра прекрасно му нафрли на Италијанецот во тимот на Баерн за сигурно водство од 2-0. За комплетна демонтажа на Вердер се погрижи Рибери кој со невидено убав потег намести уште една контра за Баерн. Овој пат улогите на Тони и Алтинтоп беа сменети па Италијанецот го намести Турчинот за 3-0. Ова беше период од натпреварот во кој домаќините се обидуваа да нападнат но нивните налети кон голот на Кан беа и повеќе од тапи. Вердер едноставно и не дојде до шанса на овој натпревар(освен онаа на Саного на самиот почеток). Тоа е она што особено го радува Хицфелд на почетокот на сезонава- што конечно Демикелис се ја стабилизираше формата и заедно со Лусио делуваат мошне сигурно во задната четворка пред голот на Баерн.

А за шлагот на тортата на овој натпревар се погрижи и втората замена на Хицфелд- Андреас Отл. Со еден прекрасен удар од дваесетина метри Отл само ја потврди победата на својот тим и го дотолчи Вердер кој дефинитивно имаше едно ужасно мизерно попладне.


Werder Bremen - FC Bayern 0:4 (0:1)

Werder Bremen: Wiese - Pasanen, Mertesacker, Naldo, Schulz - Jensen, Baumann, Diego, Vranjes (61. Carlos Alberto) - Sanogo, Almeida (61. Schindler)

FC Bayern: Kahn - Lell, Lucio, Demichelis, Lahm - Schweinsteiger, Van Bommel (82. Ottl), Zé Roberto, Ribéry - Toni (89. Wagner), Klose (46. Altintop)

Судија: Dr. Markus Merk (Otterbach)

Гледачи: 42.100 (распродадено)

Голови: 0:1 Ribéry (31. од пенал), 0:2 Toni (51.), 0:3 Altintop (79.), 0:4 Ottl (87.)

Жолти Картони: Naldo / Demichelis



Нема коментари: