Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

среда, 31 октомври 2007 г.

Тони за трета рунда


Ждребката од ДФБ Купот сакаше во третото коло од ова натпреварување првопласираниот од првата германска лига- Баерн да го пречека првопласираниот од второкласното германско друштво- Борусија Менхенглдабах. Дефинитивно натпревар со многу традиција кој можеше да биде многу поинтересен ако се играше во Гладбах но и вака не беше сиромашен на возбудувања.

Хицфелд за почеток се реши да им даде одмор на в.Бомел и Клосе а во тимот, сега подготвен, се врати Лам. За него Лел мораше назад на клупа. Ренсинг, веројатно за последен пат го замени Кан(се очекува да се врати веќе во сабота) и имаше неколку феноменални интервенции.

Првото полувреме беше релативно изедначено- дури не би било нефер да се каже дека Гладбах имаше повеќе од играта. Нојвил ја имаше најизгледната шанса но еден-на-еден со Ренсинг заменикот на Кан покажа зошто е иднината на Баерн. Претходно тој одлично интервенираше по два многу опасни удари од далечина на гостите.

На спротивната страна две шанси имаше Подолски, кој прв пат по многу долго време одигра солидно. Првата беше по една школска контра- најверојатно тука попаметно ќе беше да додаде на Тони. Втората можеше да биде навистина атрактивен гол- но на место беше чуварот на мрежата на Гладбах. За издвојување е уше еден силен удар на Лусио од работ на шеснаесетникот кој беше за малку непрецизен.

Второто полувреме ги донесе сите голови. За водтсвото на Баерн се погрижи, кој друг ако не, Тони. По едно нафлување на Подолски Хајмерот не интервенираше најсреќно па на Тони му беше навистина лесно да го донесе Баерн во водство. Кусо по ова водство Гладбах имаше уште еден зицер- повторно Нојвил и повторно Ренсинг со врвот на прстите.

Казната веднаш пристигна. Повторно Тони со еден прецизен, неодбранлив удар од дваесетина метри. По ова следеше период во кој Баварците ја држеа топката и не допуштаа многу шанси за гостите. Тони и Алтинтоп имаа полушанси но за малку возбудувања се погрижи Нџенг кој со еден прекрасен шут од далечина, можеби уште поубав од оној на Тони, конечно го совлада Ренсинг. Сега на гостите им требаше уште само еден гол за израмнување.

И до крајот на натпреварот навистина падна уште еден гол- ама за Баерн. Клосе кој дотогаш одмараше влезе да го замени Тони и веќе во првиот допир со топката, по нафрлување на Алтинтоп, го врати водството од два гола за својот тим.

Повеќе или помалку една рутинска победа за Баерн. Гладбах играше чесно и покажа дека има квалитет за првата лига- но не и за да се носи со најдоброто во Европа во моментов.

Инаку, по минатата недела со три гостувања, ова беше прв од трите натпревари на домашен терен кој следат во следните 7 дена- сега на ред се прво Ајнтрахт во сабота па Болтон во четврток.

FC Bayern - Borussia M'Gladbach 3:1 (0:0)

FC Bayern:Rensing - Lahm (78. Lell), Lucio, Demichelis, Jansen - Altintop, Ottl, Zé Roberto (70. Van Bommel), Schweinsteiger - Toni (75. Klose), Podolski

Borussia M'Gladbach:Heimeroth - Levels, Brouwers, Daems, Voigt - Paauwe (63. Svärd) - Ndjeng (85. Touma), Rösler, Marin (67. Coulibaly) - Friend, Neuville

Судија: Manuel Gräfe

Гледачи: 69.000 (распродадено)

Голови: 1:0 und 2:0 Toni (47., 57.), 2:1 Ndjeng (70.), 3:1 Klose (83.)

Жолти Картони: Toni, Rensing / Brouwers, Paauwe

1 коментар:

Анонимен рече...

Те додадов во пријатели кај мене. Поздрав