Барса го лови Лам, Хенес го демантира интересот за Бенитез
Според „Марка“(рака на срце и не е некој извор) платата и премиите за Лам биле веќе договорена работа. Лам има договор до 2009 и ако Баерн го пушти на крајот на оваа сезона тогаш според шпанскиот весник ќе добие и оштета во износ од 15 милиони евра.
Колку има вистина позади овие текстови останува да се види. Нешто слично се слуучуваше со Сањол и Јуве пред 2 сезони но на крајот се се заврши одлично за Баерн.
Од друга страна Валеријан Исмаел јавно изрази желба да го напушти клубот. Ова особено по интересот на Баерн за дефанзивецот Брено. Исмаел имаше многу несреќа со повредите кој не го оставија на мира цели 18 месеци па најмногу би сакал веќе во зимскиот преоден рок да го напушти тимот.
Од останатите новости околу тимот Ули Хенес ги демантираше контактите со Ливерпул и Рафа Бенитез. „Му ветив на Отмар дека прво ќе разговараме со него во зимската пауза. Потоа ќе видиме.“
Нема коментари:
Објави коментар