Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

вторник, 13 ноември 2007 г.

12 Баварци ке настапат за своите репрезентации

По само една победа во последните 5 натпревари Баерн мора да се поправи по 2 неделната пауза заради мечевите од кваливикациите за Европското првенство 2008 и кваливикациите за Светско Првенство 2010 во кои се играат во Јужна Америка. Лошо е што цел тим нема да биде во Минхен во наредните 2 недели.

Најголем дел од тимот на Баерн се во тимот на Joachim Löw т.е. Германската репрезентација. Philipp Lahm, Marcell Jansen, Bastian Schweinsteiger, Miroslav Klose и Lukas Podolski беа повикани за настап на мечот против Кипар во Хановер на 17 ноември и за средбата со Велс во Фракфурт четири дена подоцна. Тимот на Германија е во трка со Чешка во групата Д со 23 поени во моментов се втори по поразот од конкурентот.Во меѓувреме, младиот Mats Hummels беше повикан од тренерот Dieter Eilts за Германската репрезентација за под 21 година за кфаливикации за Европско првенство против Исланд во Триер на 16 ноември, пред пријателскиот меч со Луксембург четири дена подоцна

Кај постарите Групата Б нуди најголема неизвесност, каде само два пода ги делат вторите од Светското Првенство Франција (25) и Franck Ribéry, Шкотска (24) и Италија (23) со Luca Toni.

Французите имаат пријателска со Мороко во Сабота во Париз, но во глазгов се решава да се биди или не помеѓу Шкоткса и Италија. Четири дена подоцна Ацурите играат со Фарските острови, додека Французите играат со Украина во Киев.Hamit Altintop и Турција исто така се решаваат во се или ништо во групата Ц. Турците со 18 поени мора да ги победат второ пласираните Норвешка(20) во Осло и да ја победат Босна и Херцеговина(13) за да обезбедат настап на Европското првенство. Додека Грција веке е пласирана од оваа група.
Последните два меча за Daniel van Buyten и Белгија ке ги играат мечевите само затоа што мораат, но немаат шанси за да се пласираат во Швајцарија и Австрија.

Јужно Американското дуо Lucio и Martin Demichelis ја продолжуваат битката за Светското Првенство 2010 во Јужна Африка. Бразилците играат против Перу на 17 и против Уругвај на 21 ноември. Мичо и Аргентинците играат дома со Боливија и гости во Колумбија. По два меча од квалификациите, Аргентина води пред Бразил и Парагвај.

Нема коментари: