Три нови рекорди и четири натпревари спуспензија за Лусио
Пред годишниот собир на кционерите во Баерн имаше лоши(сепак очекувани вести): заради црвениот картон на натпреварот со Штудгарт Лусио заработи огромна супсензија од 4 натпревари.
Сега за добрите вести: Финансиски работите во Баерн стојат одлично. Срушени се и 3 рекорди. Во минатата сезона(2006/07) направен е приход од продажби од 225,8 милиони евра(големо подобрување во споредба со 2005/06 кога приходот изнесуваше 204,7 мио. €), остварена е добивка по плаќање даноци во износ од 18,9 милиони евра(4,8 мио. €) а сопствениот капитал е зголемен на 175,9 милиони евра.
„Иако фудбалски минатата сезона беше целосно разочарување финансиски може да бидеме презадоволни“- изјави портпаролот Карл Хопфнер.
Најголемите извори на приходи минатата сезона во Баерн беа „Операции во врска со натпреварите“(83,6 мио. €) и „Маркетинг и спонзорства“(62,8 мио. €). Далеку најголеми трошоци се направени во однос на персоналот во Баерн- 106,1 мио. € .
Приходите од „мerchandising“(претежно се однесува на продажба на дресови и разни фан-артикли) покажаа голем пораст од 10% во минатата фискална година(2006/07) и достигнаа 32 мио. €. Што е уште поголема причина за задоволство само во првите четири месеци од оваа сезона(2007/08) продажбите се покачија за дополнителни 37%. Ова нормално се должи на експлозијата во продавање на дресови со имињата на новите ѕвезди во Баерн- Клосе, Тони и Рибери.
„Потрошивме огромни пари ова лето но и покрај ова АД Баерн Минхен поседува екстремно висок степен на ликвидност“- изјави К.Х. Румениге. Кеш резервите на Баерн изнесуваат чисти 91.4 мио. €(акумулирана добивка).
Бројот на официјално регистрирани членови се покачи од 121,119 на 135,752(се однесува на навивачи кој плаќаат членарина директно на Баерн и според овие бројки Баерн е на трето место во целиот свет по бројот на официјално регистрирани членови) а на официјално регистрирани фан-клубови од 2,290(со 156,673 членови) на 2,329(со 164,580 членови).
„Никогаш нема да одиме со преризична бизнис-стратегија. Но ќе продолжиме со купување на квалитетни засилувања- квалитетот е многу побитен од квантитетот- и кога ќе треба да инвестираме во квалитет нема да жалиме пари“- заврши Румениге.
Нема коментари:
Објави коментар