Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

понеделник, 12 ноември 2007 г.

Некогаш мораше и да се изгуби...

Не е крај на светот- секоја екипа во текот на сезоната поминува низ различни фази. Ништо не е различно ни со оваа супер-екипа на Баерн.

Но ова ништо не менува во фактот што овој пораз од шампионот Штудгарт навистина болеше. Дали можеби Хицфелд се прекалкулира и помалку арогантно ги потцени и Болтон и Штудгарт е едно прашање кое неколку дена виси во воздух во Германија. Имаше ли навистина потреба во четвртокот да ги извади двајцата најдобри поединци на теренот во тој момент- Подолски и Рибери- уште во шеесеттата минута? Изговорот во тој момент беше дека му требаат свежи играчи за дербито на Готлиб Дајмлер и ако Баерн извадеше нешто од ова тешко гостување и ќе немаше проблем.

Во Германија има една фудбалска мудрост: „По натпреварот сите се попаметни“. Така е и во случајов. Сега веќе е јасно дека Хицфелд направи неколку грешки по ред. Ротацијата за одмарање на најекспонираните играчи е повеќе од потребна во една долга сезона но тоа мора да е подобро промислено и изведено во поумерена доза- кога менуваш повеќе од половина стандарден тим во еден натправар и логично е што работите нема да одат подмачкано како досега.

Како и да е Баерн е сеуште лидер на табелата- иако со само бод предност и му претстои натправар на домашен терен со Волфсбург и повторно видување со Феликс Магат. Победа тука сигурно и ќе значи враќање на старите патеки.

Инаку во контекст на моменталната „мини-криза“ и следното прашање во анкета- кој креативец најдобро би го надополнил Рибери следната сезона? Тони Крос „allrounder“ во средината на теренот и сигурно има блескава иднина пред него и тој понатаму најверојатно ќе биде надоградуван да го наследи Зе Роберто во средината на теренот(позиција слична на онаа на Пирло во Милан на пример). Модрич е сличен играч со нешто повеќе интернационално искуство. Кварезма е веојатно еден од најдобрите дриблери во светот во моментов. Диего и в.д Ваарт се класични плејмејкери и со нивно купување би се ослабнала и конкуренцијата од Бремен и Хамбург.

Резултатите од претходно прашање јасно покажаа според навивачите најзаслужен за постигнувањата во досегашниот дел од сезоната е напаѓачкиот тандем Клосе-Тони.

1 коментар:

Losteech рече...

Почнувам да се нервирам! Мораат да победат на следната!!! :@