Отмар, Отмар и само Отмар! А Пандев?
Кога одлуката за останувањето на Хицфелд во Баерн би ја носеле навивачите тој би останал во Баерн додека е жив!
Дури 60% посакуваат Хицфелд да остане во Баерн доживотно а додатни 20% барем уште една сезона. Хосе Мурињо, кој самиот изјави дека сака да научи нов јазик кој треба да му помогне за изборот на следно работно место и дека се двоуми меѓу Германски и Италијански, доби поддршка од 10%.
Инаку во врска со ова менаџерот Ули Хенес излезе во јавноста со многу оптимистичи став дека е во голема мера сигурен дека договорот со Хицфелд ќе биде продолжен веќе во зимската пауза во Бундес Лигата.
Во Германија се шпекулира дека Хицфелд веќе има јасна претстава како треба тимот да се засили за следната сезона за да може „Адмиралот“ да атакува на својата трета титула во Лигата на Шампионите па во преговорите за нов договор ќе бара одврзани раце во трансфер политиката за ова лето.Следното прашање е врзано за нашиот Горан Пандев. Шпекулациите за негов трансфер во Баерн потекнуваат од неколку итлијански весници и на нив се повикуваат и многу Интернет страници како и голем дел од дневниот печат во Германија. Италијанците пак тврдат дека основа за нивните пишувања е изјавата на Паул Брајтнер за големиот интерес што Баерн го пројавил.
Како и да е- прашањето е дали Баерн би бил логичен следен чекор напред за Пандев или уропастување на кариерата? Треба ли најдобриот наш фудбалер да направи трансфер во еден од најголемите светски фудбалски клубови и да почне од почеток во баварската метропола Минхен или да остане во Рим каде е веќе вистинска ѕвезда?
Нема коментари:
Објави коментар