Демикелис дефинитивно а Рибери најверојатно ќе паузираат на Маракана
Лоши вести за Хицфелд: заради грип Демикелис и дефинитивно нема да може да настапи на првиот натпревар од Купот на УЕФА против Црвена Ѕвезда а шансите Рибери да истрча на теренот самиот Хицфелд ги процени на 30%. За попиларниот „Михо“ во одбраната нјверојатно ќе настапи в.Бајтен кој исто како и Лусио вчера тренираше со екипата и ќе добие предност пред долго време повредениот Исмаел. На клупата најверојатно место ќе се најде и за Кроос и Хумелс. За Рибери во првиот тим најверојатно ќе се врати Бастиан Швајнштајгер.
Инаку еве две занимливости пред натпреварот:
Прво интересна е изјавата на Драгослав Степановиќ кој долго време во седумтесеттите играше за екипи во Бундес Лигата: „Ѕвезда може да го избегне поразот само ако натпрварот се откаже. Сезонава Баерн е како тенк што може и да лета.“
Второ интересно е да се напомене дека мајката на Михаел Ренсинг има корени од екс-Југославија и самиот Ренсинг призна дека до средината на 90тите често следел што се случува во југославенскиот фудбал. Утре ќе има доста роднини на мајка му на трибините на Маракана па Ренсинг нормално е „многу среќен“. Но и самиот е свесен дека најголемиот дел од стадионо ќе е против него. „Стадионот е вистински пекол. За нас е битно да почнеме со три поени па мирно и сигурно да влеземе во следните натпреаври“- заврши Ренсе.
Нема коментари:
Објави коментар