Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

вторник, 23 октомври 2007 г.

Хицфилд: „Баерн или Швајцарија“

Најголемите успеси во поновата историја на Баерн се неоспорно врзани за името на Хицфилд. Па нормално е што, досега единствениот тренер во Европа кој успеал со две различни екипи(Дортмунд 97 и Баерн 2001) да ја освои Лигата на Шампионите, Баерн сака да го задржи и врзе со подолг договор. Особено по фантастичната прва четвртина од сезоната.


Самиот Хицфилд, чиј договор завршува на крајот на оваа сезона, пред некое време се огласи дека одлуката за неговата иднина ќе ја донесе на пролет. А деновиве „Адмиралот“ повторно се јави во јавноста и за швајцарскиот дневен весник „Блик“ изјави: „Убаво размислив и дојдов до заклучок дека за мене има само две опции за наредната сезона- Баерн или Швајцарија.“

„Самиот овој став на Отмар е фантастичен. Ваков потенцијален кандидат не може да се игнорира“- искометира Ернст Лемли еден од главните луѓе во Швајцарскиот Фудбалси Сојуз. „Одлуката ќе ја донесам дефинитивно пред ЕП догодина. Напролет ќе се знае каде ќе продолжам. А сега за сега целата моја концентрација е насочена кон Баерн“- заврши Хицфилд.

Нема коментари: