Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

среда, 24 октомври 2007 г.

Пола тим грипосан


Најновите вести од таборот на Баерн говорат за уште повеќе проблеми пред натпреварот во Белград. Орвите вистински ладни денови во Минхен ги земаа првите „жртви“ па по Демикелис и Тони „грипосан“ остана во Минхен. На авионот за Белград не се качи ниту в. Бајтен кој утрово повторо се пожали на старата повреда. За Рибери веќе вчера се знаеше дека шансите за настап се минимални па и тој не отпатува со тимот.

Единствена добра вест е враќањето на Лам во тимот. Со оглед на многуте повредени, многу веројатно е тој да добие шанса во првиот тим. Во централната одбрана покрај Лусио најдобри шанси за настап има Лел. Исмаел кој тренира со тимот само една недела не беше повикан од Хицфелд ниту на клупата за резерви па конкуренција на Лел му е само младиот Матс Хумелс.

Нема коментари: