Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

понеделник, 22 октомври 2007 г.

в. Бајтен, Демикелис и Рибери неизвесни, кам-бек за Исмаел?

Пред гостувањето на Маракана жестокото темпо на репрезентативни и клубски натпревари кај некои од фудбалерите на Баерн остави траги. Најголем дел од првотимците имаа по два репрезентативни настапи(сабота-среда) пред натпреварот со Бохум па мечот на Маракана би бил нивни четврти за само десетина дена.


Рибери денеска можеше да учествува само на еден полесен тренинг без топка, Демикелис одлежа дома со грип а в.Бајтен уште влече една повреда од натпреварите за Белгија. Настапите на сите тројца за во четврток се несигурни.


Од друга страна на Лусио, кој вчера се жалеше на проблеми со стомакот, е на добар пат да биде целосно подготвен за готувањето на Маракана. Во случај и в.Бајтен и Демикелис да не можат да настапат во четврток прва алтернатива е Валеријан Исмаел, кој се врати на тренинг пред само една недела. Како опции тука се и младиот Матс Хумелс и во евентуална поголема криза Лел и Отл.

Нема коментари: