Баерн во комшии!
Група Ф:
Баерн Минхен
Болтон
Брага
Црвена Звезда
Арис
Распоред:
25.10.2007 Crvena Zvezda - FC Bayern München
08.11.2007 FC Bayern München - Bolton Wanderers
29.11.2007 FC Braga - FC Bayern München
06.12.2007 Слободно
19.12.2007 FC Bayern München - Aris Thessaloniki
Релативно лесна а интересна група за Баерн во Купот на УЕФА. За загревање ќе мора да се помине низ пеколот на Белград- но ова сигурно радува голем број навивачи во околинава кои сега ќе имаат животна шанса да прсиствуваат на натпревар на Баерн! Ова најверојатно и ќе е најсериозниот тест во групата за Баерн.
После ова повеќе незгодно одошто којзнае колку тешко гостување следуваат три натпревари за подобрување на гол-разликата.
Втор на ред е тимот кој го исклучи нашиот Работнички- Болтон. Потоа следи уште едно гостување во Португалија- по Белененсес на ред е Брага. Во четвртото коло Баерн е слободен а на крајот на гости на Алијанц Арената доаѓа Солунски Арис.
Се на се- прилично лесна група, добар распоред(најтешкото на стартот, најлесното на крај) и реална шанса за навивачите од регионот да проследат еден натпревар на „нивниот“ Баерн во живо!
Нема коментари:
Објави коментар