Купот на УЕФА „планиран“...
Ако се прашуваат навивачите на Баерн управата веќе треба да бира место во витрините каде ќе го смест трофејот од овогодинешниот Куп на УЕФА. Дури 77% од нив одговорија дека очекуваат овој трофеј годинава да заврши токму во рацете на капитенот Кан.
Во врска со новата анкета: Отмар Хицфилд засега има само едногодишен договор кој завршува на крајот на оваа сезона. Самиот тој се изјасни дека, во зависност од резултатите дотогаш, ќе размисли дали да преговара за нов договор до средината на Март или Април. А на пазарот има неколку атрактивни имиња од калиброт на Мурињо, Липи, Улие или Капело за кои прашање е колку долго ќе бидат без работа па одтаму и новото прашање: Треба ли Хицфилд да продолжи(по девизата „Ако нешто фукционира- не го чепкај“) или едноставно е време за нешто ново во Баерн?
Нема коментари:
Објави коментар