Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

четврток, 11 октомври 2007 г.

Новиот Зе Роберто

Со 33 години во животна форма! Ретко кој може да се пофали со нешто вакво... како на пример Зе Роберто. Бразилецот ја доживува втората фудбалска пролет во Баерн. Неговиот биланс против Нирнберг е слика за она што тој го прикажува цела сезона: еден постигнат гол, една асистенција по корнер, 75% добиени дуели. Со тие 75% Зе Роберто го имаше најдобриот биланс на добиени дуели воопшто на теренот.

„Многу сум задоволен од она што го одиграв вечерва“- беше коментарот на Бразилецот кој сезонава перфектно се снаоѓа на својата нова позиција- полулево во средината на теренот. Во 4те сезони кој претходно играше во Баерн тој агираше на левата бочна позиција и се чини никогаш не го искористи својот целосен потенцијал. Но на својата нова позиција Зе Роберто се чини е еден од најстабилните и најконстантните поединци на Баерн сезонава.

Заедно со Марк ван Бомел тој е срцето на тимот и со сета своја рутина и искуство тие редовно ја држат средината на теренот за Баерн, еднакво делејќи ги офанзивните и дефанзивните задачи.„Карлос Алберто Переира ме откри на оваа позиција. И дефинитивно ми е позабавна од чисто крилната позиција која ја играв претходно. А тренерот ми даде и повеќе слобода во играта против Нирнберг.“

Резлутатот од Зе Роберто на својата нова позиција е 17 гола лани за Сантос во Бразил и прекрасна прва 1/4 од сезоната во Баерн засега. „Не сум голгетер но се обидувам да давам голови кога имам шанса.“ Досега сезонава тој има постигнато два гола во 9 натпревари- што воопшто не е лошо ако се земе впредвид дека неговиот рекорд по сезона е- погодувате- два гола и тоа во 2003/4.

„Покажува зошто минатата сезона го избраа за фудбалер на годината во Бразилското првенство“- го пофали Хицфилд повратникот во тимот. „Неговите дефанзивни квалитети се вонсериски. Тој има уникатна способност да ги краде топките назад без фаул, техничи е верзиран, трча по теренот како да има 20 а не 33 години и може да даде перфектен пас во шпицот. Едноставно тој е голема придобивка за тимот.“

Во врска со Зе Роберто коментар имаше и тренерот на Нирнберг Ханс Маер кој по натпреварот изјави(кон Хицфилд): „Отмар, да се решиш да го вратиш Зе Роберто во тимот, и тоа за да игра на оваа позиција, беше прав шаховски потег. Секоја чест.“

Но од каде силата на еден 33годишен човек да одигра на сите 7 натправари за Баерн во последните 21 ден? „На мои години мора да знаеш да дозираш. Секако дека не можам во исто темпо и да тренирам. Време поминато во спиење и со фамилијата наместо по дискотеки го први остатокот. За мене исто битно е да останам тука во Минхен за да се одморам. Едноставно не можам да патувам за Бразил на секои две недели заради репрезентацјата.“

Дефинитивно кој мисли дека со 33 години си веќе престар за фудбал не мисли на Зе Роберто. А сега следи пауза за ЕВРО квалификациските натпревари па популарниот „Зе“ има доволно време да се одмори и да собере сила за останатите натпревари од првиот дел на сезоната.

Нема коментари: