Пет недели пауза за Кан, пет недели генерална проба за Ренсинг
Повредата на лактот со која Оли Кан се здоби на загравањето против Леверкузен излезе дека ќе мора да се лекува со операција. Ова значи дека Кан ќе отсуствува 4-5 недели што пак е шанса за наследникот Ренсинг да собере колку што е можно повеќе пракса. Популарниот Ренсе досега има 20 настапи за првиоттим на Баерн- 14 пати во Бундес Лигата, 2 пати во Лигата на Шампионите и 4 пати во ДФБ Купот а од годинава не смее да игра за младите на Баерн во регионалната лига заради неговите 23 години.
„Од една страна му посакувам на Оли да се врати колку што е можно побргу а од друга страна профитирам од оваа негова повреда со оглед на тоа што сега, за прв пат, неколку недели едноподргуго ќе добивам шанси. Ова ми годи мора да признаам“. Но Ренсинг останува реален и свесен дека кога Кан ќе се опорави, тој и ќе се врати на голот во првите 11 без разлика на тоа како Михаел ќе брани во неделите што следуваат. „Кога Кан ќе оздрави тој и ќе се врати меѓу стативите. Тој заслужи оваа сезона да ја доигра до крај. Моето време тука допрва доаѓа“- заврши Ренсе.
Што се однесува до останатите пред натпреварот во Лисабон, на подолго повредените Сањол, Лам и Соса им се приклучи и Исмаел. Ова е негова веќе трета посериозна повреда едноподруго и тој повеќе од една сезона нема официјален настап за Баерн. Се чини баксузот му остана верен пријател. Да се надеваме дека Вале повторно ќе може да заигра во црвено-белиот дрес колку што е можно побрзо.
Настапот на Миро Клосе во Португалија станува се помалку и помалку веројатен „Тој не можеше ни да џогира“- беше коментарот на О.Хицфелд по денешниот тренинг. Како негова замена се спрема Лукас Подолски кој по една мала препирка со челниците на клубот ќе добие шанса долж сите 90 минути против Белененсес.
Слободен ден. односно само рехабилитирачка сесија, денес добија Тони, Швајнштајгер и Јансен. „Само како мала претпазливост“- изјави Хицфелд. Нивниот настап во четврок не е под знак прашалник.

Нема коментари:
Објави коментар