Лиза: „Му препорачав на Рибери да дојде во Баерн а на Хенес да го донесе и Насри!“
Биксенте Лизаразу е најверојатно заедно со Ефенберг, Елбер, Шол и Кан меѓу најомилените играчи кои го носеле дресот на Баерн во поново време. Популарниот Лиза одигра 182 натпревари за Баерн и освои се што и може да се освои на Олимпискиот Стадион.Во интервјуто за германскиот портал sport1.de говори за новиот состав на Баерн, неговата улога во трансферот на Рибери, за некои негови предлози до Хенес, за старата легендарна генерација од 2001 и за животот после Баерн.
За новиот Баерн:„Убеден сум дека Баерн ќе стасаат до титулата годинава. Прво бидејќи знам дека го имаат најдобриот тренер. И второ бидејќи имаат супер-тим на кого местото му е во Лигата на Шампионите и тоа како еден од главните фаворити. Навистина сметам дека е штета што овој тим и годинава нема шанса да атакува на титулата во ЛШ. Но сега е важно да со овој силен состав стасаат колку што е можно подалеку во Купот на УЕФА. Тука се дефинитивно најголем фаворит. “
За Рибери:„Франк е вистинско богатсво за тимот. Многу бев среќен кога дознав дека се одлучил за Баерн. Пред трансферот неколкупати имав можност да поразговарам и со Франк и со неговиот агент. Им раскажав за моите прекрасни искуства во Минхен. А имам контакт и со Ули Хенес. Нему му кажав за колку интересен играч станува збор.“
За што друго зборувале со Хенес:„Имав и уште еден предлог кој му го дадов на Хенес. Самир Насри! Класичен плејмејкер. Играше заедно со Франк во Олимпик. Фантастичен фудбалер.“
Што е со Диего?„(се смее) Па јас сепак не сум благајник во Баерн. А дека Диего е класа играч нема дискусија.“
Што прави после пензионирање?„Коментирам редовно натпревари од Лигата на Шампионите за францускиот Канал+. Од тимот 2001 останаа само уште Кан и Сањол. Со Вили(Сањол) имам редовен контакт. Тој секогаш ме известува за тоа како стојат работите во тимот. Многу сум среќен за него- договорено е тој да ја превземе капитенската лента од Кан догодина и знам дека тоа многу му значи. Моментално во Минхен е време за Октоберфест. Но овојпат не можам да бидам таму. Одам за Австралија. Ова време брановите за сурфање се феноменални.“
Нема коментари:
Објави коментар