Клосе најмалку три недели во аут!
Баксузот со повредите никако да го напушти тимот на Баерн. Два дена пред гостувањето во Португалија од таборот на Баерн стигна информацијата дека неизвесен е настапот на Бастијан Швајнштајгер и, што е далеку поболно, дека тимот нема да може да смета на услугите на Миро Клосе најмалку во следните три недели.
Оваа повреда Клосе „ја влече“ уште од оние 2 ужасни стартови на Налдо во второто коло против Вердер па Кислинг во Саботата само „ја освежи“. Сега никој во тимот не сака да ризикува со Клосе па додека оваа незгодна повред не е 100% санирана тој нема да се врати назад на терените.
Ова од една страна значи дека експлозивниот напаѓачки тандем на Баерн Клосе-Тони, кој сезонава има постигнато цели 14 погодоци, привремено ќе се растури а од друга дека Лукас Подолски конечно ќе ја добие шансата која ја бараше и во следните недели ќе има можност да покаже зошто лани Хенес одвои 10 милиони за неговото ангажирање.
Нема коментари:
Објави коментар