Многу прашалници...
Пред супер-дрбито со Шалке позади настапот на неколку играчи на Баерн има дебели прашалници.
Прво, како што самиот Хицфелд рече на пресот во четврокот Демикелис се врати „мртов уморен“ од натпреварот на неговата Аргентина против Автсралија(каде го постигна и победоносниот гол) и постојано се жали на болки во грбот. Но откако помина скоро цел ден во медицинскиот оддел на Баерн, Хицфелд цврсто смета на неговиот настап во првата постава против Шалке.
Поголема неизвесност е врзана за настапот на партнерот на Демикелис во централната одбрана- Лусио кој дури во текот на денов се очекува да пистигне од САД. „Тука морам да размислам. Ќе играат само тие што се 100% фит“- коментира Хицфелд во врска со Лусио.
Зелено светло од доктор Милер-Волфарт доби и Лука Тони но дали Хицфелд ќе ризикува по незгодната повреда со Тони во стартните 11 е сосема друга работа. „Ќе биде прашање на часови“- е одговорот на „адмиралот“ на прашањето за насатапот на Тони.
Но се чини нема зошто да се ризикува со Тони кога 100% подготвен е Лукас Подолски. Полди постигна и прекрасен гол за Германија на пријателската средба со Романија па многу веројатно е дека токму тој ќе му прави друштво на Колсе во нападот.
Во тимот се враќа и Марсел Јансен, кој одигра 3 полувремиња за Германија против Велс и Романија.
За жал Лам, Соса, Сањол и Шлаудраф сеуште не се фит и ќе недостасуваат во сабота.
На тренерот на „кралско-сините“ Мирко Сломка пак главоболки му задава повредата на репрезентативецот Кристијан Пандер. За повредениот Младен Крстаиќ најверојатно ќе настапи Хајко Вестерман а добра вест за Сломка е тоа што сомнежите за настапот на Леван Кобијашвили биле неосновани па Грузиецот сигурно ќе истрча на теренот на Алијанц Арената.
Нема коментари:
Објави коментар