Подолски со погодок против Романија
Легионерите на Баерн со различни чувства се враќаат во Минхен после нивните репрезентативни настапи.
Се чини напаѓачите на германската репрезентација Клосе и Подолски имаат причина да се најзадоволни- Клосе со два гола го реши квалификацискиот дуел на Германија со Велс во полза на Германците(0-2) па сега тие се со една и пол нога на ЕВРО 2008(им недостасува само бод) а Подолски по подолга пауза се врати со гол на пријателскиот натпревар против Романија(која до синоќа беше непоразена во 14 натпревари во серија) одигран синоќа во Келн во кој Германија славеше со 3-1. Одлични два настапи за репрезентацијата на Германија имаше и Бастија Швајнштајгер кој феноменално се снајде во улога на плејмејкер а синоќа и асистираше при голот на Шнајдер. Стандардно сигурно во двата натпревари одигра и Марсел Јансен.
На пат за ЕП 2008 е и Алтинтоп кој имаше свој удел во победата на неговата репрезентација против Унгарија(3-0) кога од корнер го намести вториот гол за Турците. Турција сега е на второто место во својата група со натпревар помалку, ист број бодови како и Норвешка и само два бода позади Грција.
Италијанците, без Тони, славеа со 1-2 против Украина а Бразил, предводен од капитенот Лусио, во Бостон славеше со 3-1 против Мексико. Претходно Бразилците во Чикаго веќе славеа една победа од 4-2 против домаќините САД а тука Лусио придонесе и со гол со по корнер. И Демикелис се врати со едно многу позитивно искуство откако го постигна победоносниот гол во победата од 0-1 на неговата Аргентина против Австралија во Мелбурн.
Останатите играчи на Баерн имаа помалку причини за радост- в. Бајтен беше резерва цели 90 минути а неговата Белгија практично ги загуби шансите за настап на ЕП со ремито(2-2) во Казакстан а Французите на Рибери непотребно максимално си го искомпликуваа животот со поразот на домашен терен против Шкотска. Иако Французите, со Рибери како еден од најактивните на теренот доминираа 90 минути, Шкотите беа тие кој го постигнаа „златниот гол“ за вечерта и тоа со една вистинск бомба на МекФаден од триесетина метри. Сега Франција падна на третото место(19 бода) во својата група позади Шкотска(21 бод) и Италија(20 бода).
Нема коментари:
Објави коментар