Баерн-Шалке за нов рекорд во Бундес Лигата
Натпреварот меѓу Баерн и Шалке ќе го постави новиот рекорд за гледаност во Бундес Лигата. Имено овогодинешното супер-дерби во живо ќе се пренесува во 142 земји. Петочниот натпревар меѓу Борусија Дортмунд и Вердер Бремен ќе оди ви живо во 139 земји.
Рекордот пред почетокот на оваа го држеше последниот натпревар од ланската сезона- Штутгарт-Енерџи Котбус кој во живо имаа можност да го следат навивачите од 101 земја.
Нормално многу задоволен од ова беше извршиот директор на ДФЛ Кристијан Зајферт(на слика). „Бундес Лигата на интернационално ниво е популарна како никогаш досега“ изјави тој.
Инаку се чини ова доаѓа и како логична консеквенца на трансфер лудилото што го зафати Баерн годинава. Интересот за интернационалните гледачи се зголеми со доаѓањето на ѕвезди како Рибери, Тони и Клосе во тимот а со тоа порасна и интересот генерално за Бундес Лигата.
Што се однесува на домашниот пазар германската лига веќе повеќе години наназад е на прво место по просечна посетеност на натпреварите во цела Европа. Фудбалската еуфорија што ја зафати Германија пред и за време на СП се пренесе и на лигашките натпревари во земјата па стадионите обично се полни „како око“ а екипи како Баерн, Шалке, Дортмунд или Вердер долго пред почетокот на сезоната ги распродаваат сите карти за натпреварите на домашен терен.
За да нема жални слики на полупразни стадиони како на пример во Италија улога сигурно играат и супер-модерните нови стадиони ширум Германија како и многу пристапните цени на влезниците за натпреварите кои прават семејните посети на натпреварите да не се луксуз туку апсолутно достапни за сите вистински навивачи.
Нема коментари:
Објави коментар