Донадони го обвинува Баерн за повредата на Тони
Откако болно недостасуваше во шпицот на Италија против стариот ривал Франција Лука Тони, без шанси за настап во среда во Киев против Украина, се врати во Минхен. Репризата од финалето на СП 2006 заврши 0-0 па Италијанците паднаа на третото место на табелата позади Франција и Шкотска(кои играат меѓусебе во среда) и не смее да си дозволат кикс против Украинците.
А селекторот на Азурите го обвини медицинскиот тим на Баерн дека ја потценил повредата на неговиот најдобар напаѓач. "Штета за Тони. Неговата повреда не е толку сериозна но е болна. Штом ја допре топката на тренингот веднаш почуствува болка во мускулот. Мислам дека во Германија ја потценија неговата повреда и се сомневам дека тој ќе може да игра во следниот натпревар за Баерн Минхен"- изјави Донадони.
Нема коментари:
Објави коментар