Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

четврток, 23 август 2007 г.

Германија без пораз на Вембли и по 32 години


Англичаните ќе мора да почекаат уште малку за да може да ја прослават првата победа на новиот Вембли. Во интересен натпревар во кој, логично поради огромниот број отсуства во тимот на Лев, домаќините имаа нешто повеќе од поседот на топката, Германците беа тие кои знае како поефикасно се користат шансите(и како се користи Робинсон на голот на Гордиот Албион) и си заминаа дома со победата. И претходниот дуел на старите ривали на Вембли(последниот пред да се урне стариот стадион) заврши со славје на Германците- тогаш Диди Хаман од слободен удар го постигна единствениот гол. Инаку победата за панцирире беше најмногу по заслуга на дуото на Шалке- Курањи(1-1 26м.) и дебитантот Пандер кој со вистинска бомба во 40тата минута ја доведе својата селекција во водство од 1-2. Лам, кој поради огромниот број повреди во тимот на Панцирите изнудено одигра 90м. на позиција во дефназивната средина, во 76тата минута спаси сигурен погодок од гол-линијата по еден корнер за Англичаните, беше единствениот Баварец во националнат селекција на Германија кој со високо крената глава го напушти теренот на Вембли.

Се чини Леман ги најде вистинсктие зборови по натпреварот- "Прекрасно е да победиш во Англија. Ние бевме последните кои тука победивме на стариот стадион и сега сме први што победуваме на новиот- и тоа со еден "закрпен" тим- тоа е навистина нешто посебно".

Од другите играчи на Баерн кои синоќа играа за своите репрезентации- Рибери победи со Франција и одигра солидно на пријателски натпревар со Словенија(0-1 Анри од слободен удар), додека Тони(одигра едно полувреме) и Алтинтоп(цел натпревар) беа поразени со нивните селекции од Унгарија(Унгарија-Италија 3:1) и Романија(Романија-Турција 2:0).

Нема коментари: