Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

понеделник, 20 август 2007 г.

Германија со Б-тимот на Вембли...

По Балак, Јансен, Подолски, Шлаудраф, Фрингс, Фриц, Боровски и Гомез и Клосе и Швајнштајгер го откажаа настапот за Германија на пријателскиот натпревар со Англија. За Клосе се чини и натпреварот во Бремен беше ефективно завршен по само 3 минути игра кога Налдо го покоси својот поранешен соиграч па овој на полувремето мораше надвор. И позади неговиот настап во Сабота со Хановер има голем знак прашалник. Швајншатајгер од друга страна после големата победа во Бремен се пожалил на болки во грбот. Како замена за сите овие повредени играчи Лев, меѓу другите, ги повика и одличниот лев бек на Шалке Кристијан Пандер, Гонзало Кастро, Штефан Кислинг(двајцата Леверкузен), Таски(Штутгарт) и го врати Одонкор од Бетис во составот. Дополнително беше повикан и Семи Кедира од Штутгарт но малерот на Германците продолжи кога и тој се повреди. Единствено Филип Лам можеше позитивно да одговори на повикот на Лев и тој ќе биде дел од вториот натпревар воопшто одигран на новиот Вембли.

Од другите репрезентативци во Баерн и в.Бајтен, Лусио и Соса(кој малерозно се повреди на загравањето пред натпреварот со Вердер) поради полесни повреди ги откажаа своите нстапи за Белгија, Бразил и Аргентина. На повикот на своите селектори пак одговорија Рибери, светскиот првак Тони и Алтинтоп кои ќе заиграат за Франција, Италија и Турција.

А има и добри вести. Имено Подолски и Исмаел конечно се вратија на терените и собираат пракса со вториот тим на Баерн пред да го имаат официјалниот кам-бек во првиот состав во Бундес Лигата.

Нема коментари: