Кан и Хицфелд пред нови рекорди
Пред натпреварот со Хановер Хицфелд е пред 250тата победа во Бундес Лигата во својата тренерска кариера. Само сегашниот селектор на Грција Ото Рехагел(387) и легендата Удо Латек(282) може да се пофалат со повеќе победи. А во досегашните 249 победи влегуваат и тие со Хановер- тим од кој Хицфелд, во досегашните 5 натпревари во кариерата, нема претрпено пораз.
А пораз од Хановер, и тоа дома, лани доживеа Кан. Капитенот на Баерн беше дел од тимот кој лани на Алианц Арената се посрамоти и загуби 0-1. Но годинешниот натпревар на Кан најверојатно ќе му остане во подобро сеќавање- не само поради фактот што Баерн најверојатно ќе победи- туку и затоа што ова ќе биде негов 534ти натпревар во кариерата. Со тоа 38-годишниот чувар на мрежата ќе му се придружи на Аикел на врвот на листата на голмани со најмногу настапи во Бундес Лигата а веќе наредниот викенд во Хамбург и ќе го престигне и ќе се изедначи со 5то пласираниот Клаус Фишер на вкупната вечна листа на играчи со најмногу настапи во германското фудбалско првенство.
Победата за Хановер лани беше и прва и единствена за тимот од Долна Саксонија во 18те натпревари во Минхен. Хановер може "да се пофали" со уште 2 нерешени во тие 18 натпревари.
Интересно е што судија на овој натпревар ќе биде Торстен Кинхефер кој судеше и лани во Минхен против Хановер. Но дека и не мора се да е така црно за Баерн кога Кинхефер суди се покажа годинава во Лига Купот кого "под негова свирка" Баварците го добија натпреварот со Вердер Бремен со 4-1.
Она што е многу поважно од статистиката пред натпреварот е листата на повредени на Баерн- Соса, Јансен и Клосе им се придружија на сеуште неподготвениот Подолски и долгорочно повредените Сањол и Шлаудраф. Вака има две тактички алтернативи за во сабота. Првата би била ништо да не се менува во стандардната 4-4-2 а младиот Сандро Вагнер да настапи покрај Лука Тони во шпицот. Втората, поверојатна, варијанта е Тони да започне сам во нападот а позади него да се постави еден засилен офанзивен среден ред со Алтинтоп, Швајнштајгер и Рибери.
Кој и да игра- се освен победа против Хановер би било сензација...
Нема коментари:
Објави коментар