Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

петок, 23 ноември 2007 г.

Михо и Франк неизвесни за дуелот со „Волците“

Пред враќањето на Феликс Магат во Алианц Арената фудбалерите на Баерн, стандардно после репрезентативните настапи, почнаа да се жалат на повреди.

Овојпат ги „стрефи“ Мартин Демикелис кој во Колумбија каде неговата Аргентина за прв пат загуби во Јужноамериканските квалификации и згора на тоа доби силен удар во десната нога и Франк Рибери кој се жали на болки во рамото. За среќа и двајцата можеа да бидат дел од последната тренинг сесија на Хицфелд. Сепак дали ќе играат ќе се знае утре кусо пред почетокот на мечот.

Од друга страна сигурен е настапот на Даниел ван Бајтен кој ќе го заменува суспендираниот Лусио до крајот на декември. „Седењето на клупа секако дека не ми е право. Сега ќе се обидам да ј искористам мојата шанса“- изјави Белгиецот.

Нема коментари: