Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

петок, 23 ноември 2007 г.

Брено во Баерн?

Брено важи за еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал и според „Билд“ е на чекор пред потпишувае на договор со Баерн. Информациите говорат дека Винициус Родригез Боргес- „Брено“ ќе го напушти својот Сао Паоло веќе во јануари и уште во вториот дел од сезоната ќе биде дел од баварската машинерија!

Првичната граница на челниците на Баерн- до која тие наводно биле подготвени да понудат за да ги добијат услугите на бразилскиот супер талент била 11 милиони евра. Но откако во трка за потписот на 18-годишниот Брено се вклучил и Рел Мадрид понудата на Баерн била зголемена за 3 милиони и сега наводно изнесува 14 милиони(ова би било повеќе од она што Баерн го плати за Клосе и Тони). Изјавата на Румениге во врска со овој играч индиректно го потврдува интересот на Баерн но демантира дека тренасферот е завршена работа: „Ништо не е дефинитивно. Не сакам да дадам дополнителен коментар.“

Овој трансфер има логика- Брено е централен одбрамбен играч. Со исклучок на натпреварот со Штудгарт Лусио и Демикелис одиграа одлично досега но Бразилецот веќе има 29 години а на клупата на Баерн се 30годишните в.Бајтен и Исмаел кој скоро две години мака мачи со повреди и младиот Матс Хумелс кого сеуште го немаме видено во првиот тим. Во случај Бренео да се пресели во Минхен најверојатно тоа ќе збогување на Белгиецот и Французионот од Баерн.

Инаки Брено е препорачан на Баерн лично од Џоване Елбер. Еден од најпопуларните и од публиката сакани играчи во историјата на Баерн за минхенскиот дневен весник „ТЗ“ изјави: „За негови години тој е апсолутна светска класа. Не можев да верувам дека има само 18 години. Тој има потенцијал да стане вистинска светска ѕвезда. Робусен е и многу силен во еден-на-еден дуели и за разлика од многу други централни бекови секогаш се обидува да даде добар пас во средината а не само да ја шутне топката што е можно подалеку кога интервенира

Нема коментари: