Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

недела, 14 октомври 2007 г.

Повредените оздравуваат


После петнеделна пауза и операцијата во левата нога, точно како и што беше планирано, на тренинг се врати засилувањето од Естудијантес Хосе Ернесто Соса. „Има шанси да биде во кадарот веќе за натпреварот против Бохум. Ако не со Бохум тогаш најкасно на следниот натпревар во Дортмунд“- беше охрабрувачката изјава на Хицфелд.

Истото важи и за Миро Клосе за кого паузата за квалификациите ЕВРО 2008 дојде во вистински момент. „Се надевам дека во текот на неделата ќе може да тренира со тимот. Тоа би било опттимално“- искоментира Хицфилд.

На тренингот присуствуваше и Оли Кан- но само како гледач. Неговата десна рака е во гипс но според сите изјави операцијата на лактот во САД поминала и повеќе од оптимално па тој веројатно ќе се врати меѓу стативите на почетокот на ноември. Од прилика ви исто време се очекува и кам-бекот на Филип Лам. „За две, најмногу три недели ќе може да игра“- додаде Хицфилд на пресот во средата.

Што се однесува до Французите во дефанзивата на Баерн: Исмаел очекува да се врати на тренинг за една недела(како што самиот изјави) а за враќањето на Сањол(кој опоравува по операција на коленото) Хицфилд не сакаше ни да прогнозира: „За него патот до тимскиот тренинг е долг.“

Нема коментари: