Тони: „И во Италија ќе газевме“!
Лука Тони се „прибра“ во Минхен порано од планираното. Италијанецот како што самиот изјави резговарал со селекторот Донадони кој му дал дозвола да се врати на подготовките на Баерн за натпреварот со Бохум неколку дена предвреме. Ова значи Тони, кој одигра одлично за Итлија во победата од 2-0 со Грузија викендов(имаше неколку супер-сцени и шанси а и го намести вториот гол) нема да биде дел од тимот на Донадони за пријателскиот меч со Ј.Африка во Џенова утре вечер.
„Ваквата посветеност на Тони ме прави навистина среќен. Вакви играчи многу добро „му стојат“ на Баерн“- изјави Хицфелд веднаш по неочекуваното враќање на Лука во Минхен.
А зошто на Тони му се брзало назад во Минхен? Само заради подготовките за натпреварот со Бохум или можеби има и нешто друго што „го влече“ назад?
Еве една изјава на симпатичниот Италијанец за минхенскиот „Тагесцаитунг“ која многу говори за тоа како тој се чувствува во Германија: „Давам толку голови зошто играм во еден многу силен тим кој цело време ме поддржува. Оваа година атакуваме на Бундес Лигата и на Купот на УЕФА. А и да игравме во Италија ништо немаше да биде поинаку- и таму ќе „газевме“. Во најмала рака ќе бевме рамо до рамо со Интер во борба за титулата.“
Што се однесува до луѓето и атмосферата во Германија Тони додава: „Целиот тим отиде на Октоберфест. А луѓе имаше насекаде околу нас. Во Италија ова не ќе беше можно. Со девојка ми Марта изнајмивме стан во центарот на Минхен и секогаш кога сум на улица луѓето ме застануваат да разговараат и се заблагодаруваат зошто го одбрав Баерн летово. На стадионите може да се видат цели фамилии со деца. Нема полицајци и бариери меѓу навивачите. Би сакал еден ден да е така и во Италија.“
Сепак дека малку му недостига родниот град Тони призна кон крајот на интервјуто: „Нормално малку ми недостига и Фиренца. Искрено би сакал да може да се сретнеме во Купот на УЕФА“- заврши новиот баварски „бомбардер“ кој во 10 одиграни официјални натпревари сезонава има постигнато исто толку голови-10.
3 коментари:
Браво за блогов.
brat najjak napdad imate toni-klose
a koga ne se tuka klose i toni- tuka e riberyyyyyyyyyyy :D
Објави коментар