Пандев во Баерн?
Во италијанските медиуми се погласно се шпекулира дека нашиот Пандев ќе биде една од главните цели на Баерн во следниот преоден рок. Медиумите во Итлајиа се повикуваат на изјава на Паул Брајтнер кој веќе неколку пати го набљудувал дуото на Лацио Пандев-Бехрами.
И додека цифрата од 30 милиони која кружи во воздух како можна оштета што Баерн е подготвен да ја плати на Лацио за услугите на Пандев е малку веројатна и веројатно и премногу надуена(неофицијално за Рибери Баерн плати 25 милиони летово) генерално трансферот на нашиот Пандев во Минхен не изгледа толку неверојатен. Подолски никако да заигра онака како што се очекува од него па Тони и Клосе немаат вистинска замена во шпицот на нападот. Лацио е во финансиска криза па парите од овие трансфери добро би му дошле. Сепак прашање е колку има вистина позади овие шпекулации. Сигурно е само за секој Македонец гордост би било да се има барем еден фудбалер во гигант како Баерн.
А дека многу од македонските навивачи на Баерн веруваат во Пандев покажаа резултатите од анкетата: повеќе од половината(54%) сметаат дека Пандев има потенцијал и ќе си добие своја минутажа во Баерн.
1 коментар:
И јас не верувам дека сумата е толку висока. Сепак Рибери иако сум Македонец мора да признаам дека неможе да го споредиме со Пандев...
Објави коментар