Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

вторник, 25 септември 2007 г.

К.Х.Румениге: „Секоја година по една ѕвезда“

„Трансфери од редот на Клосе, Рибери и Тони се новиот пат. Сите во управата на клубот се согласивме дека само квалитетот на играчот е одлучувачки фактор. Во иднина сакаме и ќе се прдржуваме до ова при креирањето натрансфер политиката. Сегашните добри искуства со Рибери и Тони само не охрабруваат во нашите намери. Разликата од оваа сезона е тоа што отсега ќе одиме само на квалитет- а не на квантитет. Екипата ќе биде засилена со еден до двајца играчи конкретно на позициите кои се покажале како слаби точки во тимот. Тоа е новиот концепт. Сега ќе чекаме да видиме како ќе се одвива сезоната до Божиќ па ќе видиме кој ги исполни очекувањата во целост а каде треба да се корегира нешто во тимот со некој трансфер. И свесни сме дека ова значи комплетно менување на финансиската хиерархиска структура во тимот и го прфаќаме тоа како една нова реалност. Што се однесува до следната сезона единствено можам да гарантирам дека нема да се расфрламе со пари за нов голман. Нема да купиме конкурент за Михаел Ренсинг. Договорено е уште одамна да тој продолжи после Кан.“- К.Х. Румениге во „Спортбилд“.

Нема коментари: