Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

вторник, 25 септември 2007 г.

Потценета повредата на Лам

По се изгледа повредата на Филип Лам беше потценета. Тојтребаше да се врати во тимот кон крајот на месецов но, како што известува „Кикер“, Лам најверојатно ќе се врати со полесен тренинг дури кон средината на Октомври.

Во секој случај ова и не ги пореметува плановите за натпреварот со Котбус- на лам за овој натпревар и така и така не се сметаше. Инаку Хицфелд најде маани и на победата од 1:4 со Карлсруе па најверојатно ќе поработи на нив до утрешниот дуел. „Премногу често ја губевме топката во движењето напред. Ако примевме гол за 2:3 ќе експлодираше цел стадион и сите ќе застанеа позади Карлсруе. Тоа можеше да биде многу опасно. А и имавме среќа што први постигнавме гол“.

На ова се дополни Хенес: „Домаќините играа од срце и дадоа се од себе а ние им оставивме сосема доволно простор за таква игра“.

„Сепка добро е кога и после 1:4 човек смета дека има простор за подобрување. А после победа е многу полесно да се дискутира за грешките“- додаде „Адмиралот“ после видео анализата на играта на Баерн.

За натпреварот со Енерги Котбус Хицфелд прокоментира: „Дека мораме да ги земеме сите три бода му е секому јасно. Но никој нема да ни ги подари. Мора напорно да се работи!“

Нема коментари: