Тони и Јансен во непознати води...
Освен тоа што и двајцата играат за Баерн на прв поглед Лука Тони и Марсел Јансен и немаат којзнае колку заедничко. Едниот е со типично германски „плав“ тен, другиот стандардно италијански црн. Едниот е актуелен светски шампион со голема кариера позади себе, другиот дојде во Баерн од клуб кој испадна во втората лига(Менхенгладбах) со голема кариера пред себе.
Сепак има еден многу интересн податок кој ги поврзува двајцата- во четврток против Белененсес и двајцата ќе го имаат својот прв настап во европските купови воопшто. „Ова ќе биде едно сосема ново искуство за мене. Со нетрпение го очекувам“- изјави Јансен ден пред неговото интернационално клубско деби. „Не е важно како се вика противникот- јас сум едноставно среќем што ќе дебитирам на европската клубска сцена“.
За настапот на Тони, исто како и за викендот, ќе се знае кусо пред почетокот на натпреварот. Тони веќе подолго време мака мачи со една многу незгодна повреда на коленото. А фактот што Баерн годинава мора во Купот на УЕФА и што играч од калиброт на Тони ќе дебтира во ова натпреварување и не го демотивира Италијанецот. „Секако дека е штета што не играме во Лигата на Шампионите годинава. Ама ова го знаевме веќе долго. Годинава ќе се концентрираме на Купот на УЕФА а догодина сигурно ќе атакуваме на титулата во Лигата на Шампионите“. Навистина е вчуоневидувачки како еден 30годишен светски првак, поранешна златна копачка на Европа, може да каже дека после се што има доживеано во неговата кариера за прв пат влегува во едно европско клубско натпреварување.
„Сите мислат дека мора да победиме- тоа може да е опасно. Кога луѓето очекуваат толку многу од тебе- тогаш мораш да останеш сталожен“- дополни Тони.
За разлика од Тони и Јансен тренерот Хицфелд има искуство во евро-куповите како ретко кој друг. Двете титули во Лигата на Шампионите со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен доволно говорат. Па кога човек со такво искуство говори би требало да се слуша: „Натпреварот нема да го добиеме сам од себе, нити пак во Купот на УЕФА смееш да влезеш со став дека доволно е да дадеш 80% од себе за да победиш. Ниако не смееме да ги потцениме противниците во Купот на УЕФА. Ова важи и за Беланенсес. И тие сигурно знаат да играат фудбал штом дошле до тука. А да се освои ова натпреварување не е ништо полесно од тоа да се освои Лигата на Шампионите“.
Инаку Клосе нема да игра вечер бидејќе е суспендиран од евро-куповите од минатата сезона па Лукас Подолски сигурно ќе го започне мечот. Дали покрај него во нападот ќе почне младиот Сандро Вагнер или пак Тони ќе добие зелено светло ќе се знае кусо пред почетокот нанатпреварот.
Нема коментари:
Објави коментар