Google
 
ДОДАДИ ЈА СТРАНАВА ВО ОМИЛЕНИ (add to favorites)

ПОЧЕТНА СТРАНА
+++ Баерн го смачка Арис --- Без голови во Берлин --- Hitzfeld го казнува Kahn --- 0-0 со Дуизбург --- Баерн останува на врвот --- Баерн не успеа да победи во Брага --- Вили сака да си оди --- Баварците се враќаат на победничките патеки --- Победи за скоро сите „Баварци“ --- Брено чекор до Баерн? --- 2007 завршена за Јансен +++

среда, 19 септември 2007 г.

Ќе боли во среда во 20:45


„Навистина е штета што не играме. Но сами сме си виновни. Одигравме катастрофална сезона лани и опправдано бевме казнети. Но заради тоа не треба сега да почнеме да „плачеме“. Тоа беше спортски пораз за нас и со него ќе мора да живееме. Сега во среда ќе седиме на фотеља и носталгично да ја гледаме Лигата на Шампионите на телевизија. Сепак сметам дека ова е само едногодишно интермецо. Догодина повторно ќе бидеме еден од главните актери во ЛШ“.

Ова е само извадок од пресот на генералниот менаџер Ули Хенес во вторникот. Хенес проговори и на неколку други актуелни теми:

„Кога ги отворив вчерашните весници си помислив да не случајно сме на 13то или 14то место на табелата? Ја погледна табелата и заклучив: први! А најголемите конкурент се 4 бода позади нас. И тоа за нив сега започнува Лигата на Шампионите. Ние знаеме каков двоен напор е да играш ЛШ и Бундес Лига.

И сега новинарите почнаа да пишуваат за падот на лидерот на табелата. И дамите и господата од печатотот никако не заборавија да и дадат епски карактер на целата ситуација во последниве денови. Навистина смешно. Јас не се сеќавам дека некој од клубот рекол дека имаме апсолутно непобедлив тим. Или дека некој верува дека ама баш секого ќе го згазиме на домашен терен. Правиме се за тоа да не станеме арогантни. Бундес Лигата има квавитет како ретко досега во последниве години. Да се дојде до титулата не значи само „да се излиже медот“ за нас. За тоа потребно е многу работа. А на патот до титулата ќе има и порази. Но на ова 1:1 со Шалке никако не може да го гледам како на пораз.“

Во врска со моменталниот изглед на табелата Хенес додаде:

„Секако мислам дека е супер што екипи како Арминија, Фракнфурт, Херта и Дортмунд се веднаш позади нас на табелата. Тоа зборува за „ширината“- односно изедначеноста на лигата. Но сигурен сум дека на крајот на сезоната нашите главни конкуренти ќе бидат Штутгарт и пред се Бремен и Шалке. Затоа сметам дека е многу важно што веќе имаме 4 бода предност пред нив и згора на тоа и одлична гол-разлика.“

На крајот Хенес даде свое мислње и конкретно за Франк Рибери и посебно актуелната дискусија во Германија за поголема заштита на играчите во Бундес Лигата од остри стартови поради која се дигна многу прашина.

„Напредокот на тимот е поврзан и со Франк- тоа е неоспорно- но никако само со Франк. Не е во ред толку да ја поврзуваме играта на целиот тим со еден играч. Тоа би било максимално нефер кон останатите во тимот.“

„...Јас никогаш не побарав судиите поригорозно да свират само кога се во прашање стартовите против играчи на Баерн. Истото важи и за стартовите врз Диего или кој било друг кој е подготвен да игра добар фудбал. Освен тоа многу повеќе сакав таа моја изјава да биде сватена како протест против играчите кои ги прават тие преостри и агресивни стартови отколку против судиите кои треба да одлучат што да прават во тие ситуации“- заврши Хенес.

Нема коментари: