Баксуз за Соса
Повредите никако да го остават Соса на мира. Младиот Аргентинец мака мачи со ситни повреди веќе цел месец. А сега, само неколку дена откако за кратко се врати на теренот против Хамбург тој повторно се повреди и овој пат за жал посериозно.
Соса, кој веќе е опериран, најверојатно ќе биде отсутен шест недели и при оптимален тек на процесот на заздравување би требало повторно да е во кадарот на 20ти октомври против Бохум.
Да се надеваме дека засилувањето од Естудијантес нема да ја доживее истата судбина како Санта Круз или Дајслер кои цели сезони преседоа во центри за рехабилитација наместо на фудбалските терени....
Нема коментари:
Објави коментар