Демикелис назад во репрезентацијата, Тони и Рибери еден против друг
Во седумте дена што претсојат на програмата се можеби и најбитните натпревари во квалификациите за ЕУРО 2008. И нормално за тим како Баерн- цела прва постава(11 играчи) беа повикани од националните селектори за клучните два натпревари од циклусот.
Од не-европејците причина за славје има Демикелис чии одлични настапи во Бундес Лигата беа забележани и од селекторот на Аргентинците па тој по подолга пауза беше повикан во репрезентацијата за натпреварот со Австралија во Мелбурн. Долг пат пред себе има и Лусио кој мора против САД(во Чикаго) и Мексико(во Бостон).
За настап во првиот тим на Германија, во натпреварот со Велс во Кардиф и пријателскиот со Романија во Келн четири дена подоцна, ќе се борат 5 Баварци- Клосе, Подолски, Швајнштајгер, Лам и Јансен.
Алтинтоп со Турција прво мора, процедурално, на Малта за потоа во Истанбул да се обиде да направи голем чекор напред кон пласман на ЕВРО 2008 со победа против Унгарија. Откако го изгуби местото во првиот тим малку пракса во репрезентацијата може да собира в. Бајтен кој со Белгија на 12ти септември гостува во Казакстан.
Но без дилема најинтересно ќе биде во сабота во Милано. Тони(чиј настап сепак не е 100% сигурен) и Рибери ќе настапат еден против друг во реприза на финалето од СП. Ниту едната ниту другата репрезентација наемаат право на кикс бидејќи Шкотска од третото место чека на кикс на една од двете репрезентации. По седум одиграни натпревари "Галските Петли" се во нешто подобра позиција- имаат два бода повеќе од светските шампиони.
Нема коментари:
Објави коментар