Јансен му откажа на Лев, неизвесен и за Вердер
Од 5те стандардни репрезентативци на Германија во составот на Баерн, селектор на елфот за пријателсиот натпревар со Англија(на отварањето на новиот Вембли) ќе може да смета на тројца- Миро Клосе, Бастијан Швајнштајгер и Филип Лам. Лукас Подолски започна да тренира оваа недела па природно не е спремен за настап во репрезентацијата а Марсел Јансен го откажа присуството на натпреварот откако се здоби со полесна повреда на вчерашниот тренинг. Лошата вест е што оваа повреда го прави неизвесен и неговиот настап против Вердер во сабота. Ако Јансен не е 100% подготвен тогаш најверојатно Лам ќе мора да се врати на левата страна а Алтинтоп ќе заигра десно во одбрамбената четворка на Баерн.
Од друга страна формата на Вердер и не остава којзнае каков впечаток. Откако не успеаа водството од 2-0 со Бохум да го претворат во три бода во првото коло на Бундес Лигата, фудбалерите на Вердер одвај извадија едно 2-1 на домашен терен со Динамо Загреб во квалификациите за Лигата на Шампионите. Победа во Бремен оваа година, после една долга пауза за Баерн, изгледа повеќе од можна...
1 коментар:
Drugarce i jas go poglednav sega tvojot blog.....ti ja izgubiv e-mail adresata poradi toa ti pisuvam tuka.Jas tebe te staviv vo prijateli na Manchesterunited.blog.com.mk
Pozdrav
Објави коментар